ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 11
  • Првото виножито

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Првото виножито
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Осум души го преживеале Потопот
    Поуки од Библијата
  • Еден свет е уништен со вода — ќе се случи ли тоа пак?
    Учи од Големиот Учител
  • Извештајот за Ное и Потопот — дали е само мит?
    Одговор на библиски прашања
  • Предупредување од минатото
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 11

Приказна 11

Првото виножито

ЗНАЕШ ЛИ што направил најпрво Ное кога, заедно со семејството, излегол од арката? Му принел на Бог жртва, односно дар. На долната слика можеш да видиш како го направил тоа. Ное му ги принел како жртва овие животни за да му се заблагодари на Бог што го спасил неговото семејство од големиот потоп.

Што мислиш, дали Јехова бил задоволен со дарот? Да, бил. Затоа му ветил на Ное дека никогаш повеќе нема да го уништи светот со потоп.

Наскоро целата земја била сува, па така Ное и неговото семејство започнале нов живот надвор од арката. Бог ги благословил и им рекол: ‚Имајте многу деца. Треба да има толку многу луѓе што ќе биде населена целата Земја‘.

Но подоцна, кога луѓето би чуле за големиот потоп, би можеле да се плашат дека повторно ќе се случи сличен потоп. Затоа Бог дал нешто што ќе ги потсетува луѓето на неговото ветување дека никогаш повеќе нема да ја потопи целата Земја. Дали знаеш што им дал за да ги потсетува? Тоа било виножитото.

Честопати, откако ќе престане дождот и ќе светне сонцето, на небото се појавува виножито. Тоа може да има најразлични убави бои. Си видел ли некогаш виножито? Го гледаш ли ова што е на сликата?

Бог рекол: ‚Ветувам дека никогаш повеќе нема да ги уништам со потоп сите луѓе и животни. Го ставам моето виножито во облаците. И кога ќе се појави виножитото, ќе го видам и ќе се сетам на ова мое ветување‘.

Затоа, кога ќе видиш виножито, на што треба тоа да те потсети? Да, на Божјето ветување дека никогаш повеќе нема да го уништи светот со голем потоп.

1. Мојсеева 8:18-22; 9:9-17.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели