Песна 60
Божјето илјадагодишно Царство
1. Одредил Бог милениум на правда,
за Синот негов време е да настапи.
Со него ќе царуваат и други,
ко цареви, свештеници — назначени.
2. Радосно ќе се заедно со Христос
и гревот ќе го отстранат засекогаш.
Целата Земја Рај ќе биде тогаш
и сите ќе го фалат Бог, во вечноста.
3. Милениум за Царството на Христос!
Пред очите на верата е реалност.
Воскреснати ќе учат за Јехова.
Да, тоа ќе е суден ден во праведност.
4. Ревносни, сложни да сме будни сите;
ќе осамне тој, скоро, ден величествен.
Силни, без страв, чекориме со мудрост;
да служат другите на Бог, ги каниме.