Внатрешна страна на предната корица
Драг читателе!
Мудриот цар Соломон напишал: „Радувај се, момче [или девојко], во младоста своја, и нека те весели срцето во деновите на младоста, и оди по патиштата на срцето свое и по она што го гледаат очите твои“ (Проповедник 11:9). Кога си млад, животот може да биде толку интересен и возбудлив! И ние сакаме да му се радуваш. Меѓутоа, те поттикнуваме да го правиш тоа на начин што ќе го радува Јехова Бог. Никогаш не заборавај дека тој гледа што правиш со својот живот и ќе ти суди на темел на тоа. Затоа, многу е мудро да го послушаш советот што Соломон го дава понатаму: „Сеќавај се на својот Величествен Творец во деновите на младоста своја“ (Проповедник 12:1).
Од срце се молиме информациите од оваа книга да ти помогнат да ги издржиш притисоците и искушенијата со кои се соочуваат младите денес и да ти покажат како да донесуваш одлуки што се во склад со Божјата волја. Ако го правиш тоа, ќе го радуваш Јехова (Изреки 27:11).
Водечко тело на Јеховините сведоци