ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ia стр. 2
  • Предговор

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Предговор
  • Угледајте се на нивната вера
Угледајте се на нивната вера
ia стр. 2

Писмо од Водечкото тело

Драги браќа и сестри!

Во првото издание на Стражарска кула за пошироката публика од 1 јануари 2008 год., почна да излегува рубриката со наслов „Угледајте се на нивната вера“. Оттогаш, со задоволство ја читавме секоја нова статија од оваа рубрика што излегуваше секои три месеци!

Како им се допаднаа статиите на читателите? Откако ја прочитала статијата за Марта, една читателка напишала: „Се смеев додека ја читав затоа што сум иста како неа. Од желба да ги пречекам гостите најдобро што можам, некогаш заборавам дека треба и да седнам со нив за да си поразговараме“. Кога ја прочитала статијата за Естира, една тинејџерка дошла до следниов заклучок: „Сфаќам дека лесно може да се преокупираме со облеката и со најновите трендови. Убаво е да бидеме дотерани... но, не треба да претеруваме“. Таа додала: „На Јехова му е важно какви сме однатре“. А една сестра толку била одушевена од статиите за апостол Петар што напишала: „Потполно ме пренесоа во тоа време. Како настаните да ми се одигруваа пред очи. Со сите мои сетила се внесов во она што го читав!“

Зборовите на овие, како и на многу други читатели што ни пишаа за да ја изразат својата благодарност за оваа рубрика, покажуваат колку е вистинито она што го рекол апостол Павле: „Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука“ (Рим. 15:4). Јехова дозволил овие настани да бидат запишани во Библијата за да научиме вредни работи. Секој од нас, без оглед на тоа колку долго е во вистината, може да извлече поука од нив.

Срдечно ви препорачуваме што поскоро да ја прочитате оваа книга. Проучувајте ја на Семејната вечер — на децата сигурно ќе им биде многу интересна! Кога ќе се обработува на Собраниското проучување на Библијата, по секоја цена бидете на состанок! Не брзајте додека лично ја проучувате. Замислувајте си ги настаните и вклучете ги сите свои сетила. Обидете се да се соживеете со библиските ликови. Споредете како реагирале тие во разни ситуации и како би реагирале вие.

Се радуваме што ја имаме оваа книга. Таа може да биде благослов за сите нас. Бидете уверени дека многу ве сакаме,

Водечко тело на Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели