ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 54 стр. 130-стр. 131 пас. 1
  • Јехова бил стрплив со Јона

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова бил стрплив со Јона
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Научил да биде милостив
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој научил да биде милостив
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Јона учи за Јеховиното милосрдие
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Јона и големата риба
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 54 стр. 130-стр. 131 пас. 1
Јона тоне во морето, а една огромна риба плива кон него

ПОГЛАВЈЕ 54

Јехова бил стрплив со Јона

Луѓето од асирскиот град Ниневија биле многу злобни. Јехова му рекол на својот пророк Јона да оди таму и да им рече да престанат да прават лоши работи. Но, наместо да оди во Ниневија, Јона тргнал во спротивен правец. Се качил на еден брод кој пловел за Тарсис и побегнал.

Додека бродот пловел, одеднаш настанала силна бура, и морнарите се преплашиле. Тие им се молеле на своите богови и се прашувале: „Зошто ни се случува ова?“ На крајот, Јона им рекол: „Јас сум крив. Јехова ми даде една задача, но не го послушав, туку избегав. Фрлете ме во морето, па бурата ќе престане“. Морнарите не сакале да го фрлат Јона, но тој упорно им велел да го направат тоа. Кога на крајот го фрлиле, бурата престанала.

Јона помислил дека ќе умре. Додека тонел сѐ подлабоко во морето, му се молел на Јехова. Тогаш Јехова испратил една голема риба. Таа го голтнала Јона, но тој останал жив. Од стомакот на рибата Јона му се помолил на Јехова: „Ветувам дека отсега ќе правам сѐ што ќе ми кажеш“. Јехова направил чудо, и Јона останал жив три дена во рибата, а потоа таа го исфрлила на копното.

Дали тоа што Јехова го спасил Јона значело дека тој веќе не мора да оди во Ниневија? Не. Јехова повторно му рекол да оди таму. Овојпат Јона послушал. Кога стигнал кај тие лоши луѓе, им рекол: „За 40 дена, Ниневија ќе биде уништена“. Но, тогаш се случило нешто што Јона не го очекувал — на луѓето од Ниневија им паднало жал за лошите работи што ги правеле и се смениле. Царот на Ниневија им рекол: „Повикувајте го Бог и покајте се. Можеби тогаш нема да нѐ уништи“. Кога Јехова видел дека луѓето се каат, решил да не ја уништи Ниневија.

Јона влегува во Ниневија

Јона многу се налутил што Јехова не го уништил градот. Замисли, Јехова бил стрплив и милостив кон Јона, а Јона не бил милостив кон луѓето од Ниневија. Наместо тоа, тој намуртено седел надвор од градот под сенката на една тиква. Но, тиквата се исушила, и Јона многу се налутил. Затоа Јехова му рекол: „Тебе повеќе ти е жал за тиквата отколку за луѓето од Ниневија. Јас им се смилував, и затоа сега сите се живи“. Што сакал Јехова да го поучи Јона? Дека луѓето од Ниневија вределе многу повеќе отколку едно растение.

„Јехова... е стрплив со вас бидејќи не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание“ (2. Петрово 3:9)

Прашања: Какви поуки му дал Јехова на Јона? Што учиме од она што му се случило на Јона?

Јона 1:1 — 4:11

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели