Потрага по душевен мир
Така рекла една жена од Солт Лејк Сити (Јута, САД) која долги години ги истражувала религиите. ”Сѐ до пред осум месеца“, пишува таа, ”мислев дека никогаш нема да имам мир во мислите. Тогаш во јануари на мојата врата дојдоа Сведоците. Проучував осум месеци и сега увидувам дека вие сте единствените кои ги подготвуваат луѓето за Божјето Царство.“
Оваа жена додала: ”Еден ден мојот пријател Јеховин сведок ми ја даде книгата наречена Библијата — Божја или човечка Реч? Никогаш толку не сум уживала во некоја книга како во оваа. Ова навистина е една од најдобрите публикации на Друштвото Стражарска кула.“
Ако сакате да добиете примерок од оваа убава публикација, молиме пополнете и испратете го долниот купон. (Книгата може да се добие на словенечки, српски и хрватски.)
[Слика на страница 32]
Даниеловите пророштва за настапувањето на светските сили се исполниле толку прецизно, што современите критичари мислат дека биле запишани дури откако се исполниле