ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/3 стр. 24-25
  • Посети ја земјата, посети ги овците!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Посети ја земјата, посети ги овците!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Исус се грижи за своите овци
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Каде да се најде утеха
    Учи од Големиот Учител
  • „Ќе ги побарам изгубените“
    Врати се кај Јехова
  • Добриот пастир и трлата
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/3 стр. 24-25

Сцени од Ветената земја

Посети ја земјата, посети ги овците!

ИЛЈАДНИЦИ христијани ја посетиле Ветената земја, верувајќи дека ако ги видат местата кадешто се случиле настаните, тоа ќе им помогне да ја разберат Библијата и дека тоа ќе ѝ даде поголемо значење. А така и било.

Без оглед дали си ја посетил навистина или само во мислите, проучувајќи книги и статии за оваа земја, што е со посетувањето на овците? Можеби се прашуваш ‚Што имаат овците со Ветената земја?‘ Навистина, овците биле толку значаен дел од животот во библиски времиња, што една посета во Ветената земја во извесна смисла е непотполна ако не се вклучат и овците.

Фотографиите што ги гледаш овде можат да бидат дел од твојата посета, бидејќи овците коишто можат да се видат денес во тој регион, се многу слични на оние од библискиот период.a Нивниот широк грб е натежнат од лој (3. Мојсеева 7:3; 9:19). Тенката волна е обично бела. Но сети се дека во големото Јаковово стадо имало ‚шарени и овци со белег, и . . . црни овци‘ (1. Мојсеева 30:32, ДК).

Истиот овој извештај илустрира дека човекот кој имал големо стадо овци го сметале за богат (1. Мојсеева 30:43). За Јов читаме: „Имотот му беше: седум илјади овци, три илјади камили, петстотини рала волови, петстотини ослици . . . тој човек беше најпрочуен меѓу сите синови на Исток“ (Јов 1:3; 42:12). Или сети се дека Навал имал 3 000 овци и 1 000 кози. Што мислиш, каков статус и влијание имал тој во Давидово време? (1. Царства 25:2). Но, поради што точно големото стадо претставувало голема вредност?

Тоа било затоа што овците на својот овчар или сопственик му пружале вредни производи. Самата волна била имот што постојано се обновувал. Соломоновите изреки 31:13, 21, 22 ни помагаат да видиме како една мудра, трудољубива жена можела да ја употреби за да направи облека за своето семејство или наметки кои можеле да се продадат (Јов 31:20). Волната била важна трговска стока. Тоа е вклучено во коментарот дека еден моавски цар станал „одгледувач на овци, и му плаќаше на израелскиот цар сто илјади јагниња и сто илјади нестрижени машки овци“ (2. Царевите 3:4, NW). Да, тоа биле „нестрижени“ овци; нивната бујна волна ја зголемувала нивната вредност.

Машките овци, овни, можеле да имаат импресивни рогови, како на фотографијава на десно. Дали тоа те потсетува дека овнешките рогови биле употребувани за објавување на Јубилејот? (3. Мојсеева 25:8-10, NW). Слични изжлебани рогови биле употребувани при огласувањето на сигнали за тревога или за управување со воени маневри (Судиите 6:34; 7:18, 19; Јоел 2:1).

Се разбира, кој имал стадо овци, бил обезбеден со извор на храна, затоа што овците спаѓале меѓу чистите животни коишто Израелците смееле да ги јадат (5. Мојсеева 14:4). Месото (овчо или јагнешко) можело да биде варено или печено. Печеното јагнешко било централен елемент во годишната Пасха (1. Мојсеева 12:3-9). Овцата исто така била редовен извор на млеко, кое се употребувало за пиење и за правење сирење. Освен за пиење, млекото можело да се употреби за правење сирење (1. Царства 17:17, 18; Јов 10:10; Исаија 7:21, 22).

Ниту една посета на овците не би била потполна ако не се забележи цврстата врска помеѓу стадото и неговиот овчар. Верниот овчар се грижел за своето стадо. Како што споменал Исус, тие го препознавале гласот на својот овчар и одговарале кога тој ги повикувал по име (Јован 10:3, 4). Ако некоја недостасувала, внимателниот овчар ја барал. Кога ќе ја најдел изгубената овца, ја ставал на рамената и ја носел назад во стадото (Лука 15:4, 5).

Давид го навел своето лично искуство со стадото кога се споредил себеси со овца која го има Јехова за свој Пастир. Давид бил заштитуван како што овците биле бранети од грабливи животни. Овците можеле да го следат водството на својот грижлив овчар. Ако биле повредени, тој ги превивал нивните рани, можеби со масло за ублажување. Колкав контраст спрема себичните Израелови водачи опишани во Езекиел 34:3-8!

Библијата содржи бројни пророчки и симболични објаснувања за овците. Така, твојата посета и запознавањето со овците од Ветената земја можат да го продлабочат твоето разбирање на поимите како што се: „мало стадо“, „Јагне Божје“ и „други овци“ (Лука 12:32; Јован 1:36; 10:16).

[Фуснота]

a Горната фотографија со овци во јудејската пустина може да се види на Календарот на Јеховините сведоци за 1992.

[Извор на слика на страница 24]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 25]

Гаро Налбандијан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели