ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/8 стр. 32
  • „Жената на твојата младост“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Жената на твојата младост“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/8 стр. 32

„Жената на твојата младост“

„ПРЕЉУБАТА изгледа скоро како секојдневен настан.“ Така велат многу ескперти, според Los Angeles Times. Дали те изненадува таквата изјава? Сепак, психијатарот Френк Питман проценува дека околу 50 отсто од сопрузите и од 30 до 40 отсто од сопругите се неверни. Ако е тоа точно, скоро половина од сите венчани луѓе вршат прељуба!

Значи ли тоа дека неморалноста е во ред? Ни случајно! Ширењето на неверство не е никакво оправдување — како што ни порастот на уличниот криминал не те оправдува да ограбиш некого. Неморалноста боли. На пример, човештвото денес е погодено од пандемија на опасни сексуално преносливи болести кои би можеле лесно да се контролираат кога луѓето би воделе морален живот. Смртоносната болест СИДА никогаш не би ја имала потпората што ја има сега кога луѓето не би биле толку лабави во својот сексуален живот.

Освен тоа, дури и најпрефинетите и „најпросветлените“ чувствуваат огромна болка кога нивните партнери се неверни. Еден чин на неверство може да нанесе рани за кои ќе биде потребен половина животен век за да се излечат.

Сепак, најважната точка е таа дека играњето со брачното ветување е големо непочитување спрема Бог, затоа што тој е Основачот на бракот. Библијата вели: „Бракот на сите треба да е чесен“. Исто така сме предупредени: „Блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог“ (Евреите 13:4).

Затоа, мудрите луѓе внимаваат на вдахновените зборови: „Радувај се со жената на својата младост“ (Изреки 5:18, NW). Тие бараат задоволство и среќа со својот брачен другар. На тој начин, го штитат своето физичко и емоционално здравје, и што е најважно, му донесуваат чест на големиот Основач на бракот, Јехова Бог.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели