ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/12 стр. 32
  • „Како лав што рика“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Како лав што рика“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/12 стр. 32

„Како лав што рика“

ДАЛИ веруваш дека Сатана постои? Денес многумина не веруваат. Се чини дека таквото верување го сметаат за „ненаучно“. Уште во 1911, Encyclopædia Britannica рекла: „Науката објаснила толку многу процеси на надворешната природа и на внатрешниот живот на човекот така што не оставила место за сатанско делување“. Некои теолози објаснуваат дека Сатана е само симбол, мит. The World Book Encyclopedia наведува: „Мнозина современи теолози го сметаат Ѓаволот за симбол на моќта на злото, на најлошите особини на човечката природа“.

Меѓутоа, што велат фактите? Ако веруваш во Библијата, мораш да веруваш дека Сатана е реален. Исус не само што верувал дека тој постои, туку го нарекол и „кнез на овој свет“ (Јован 14:30, (ДК). Апостолот Павле го нарекол Сатана „богот од овој свет [на овој систем на ствари, NW]“ (2. Коринтјаните 4:4). А остарениот апостол Јован рекол: „Целиот свет лежи во зло [во моќта на злобниот, NW]“ (1. Јованово 5:19).

Ако не се согласуваш со Јован, помисли на поновата историја. Размисли за одредите на смртта и за примената на тортура од страна на владите. Сети се на војните и геноцидите што ги доживеала нашата генерација. А што да кажеме за злобниот криминал што ги исполнува насловните страници на нашите весници — масовни убиства, силувања, секојдневни убиства, сексуално злоупотребување на деца, да наведеме само неколку? Може ли некој друг освен Сатана да биде богот на овој свет?

Христијанскиот апостол Петар предупредил: „Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта“ (1. Петрово 5:8). Кога еден лав би бил пуштен во твоето соседство, дали би дискутирал за тоа дали тој постои или не? Или би трчал да се засолниш?

Биди уверен дека Сатана постои. Тој е безмилосен и зол, и посилен од нас. Затоа бегај за да најдеш заштита кај Оној кој е уште посилен. „Името на Господа [Јехова, NW] е цврста кула: ако во неа побегне праведник, во безопасност е“ (Соломонови изреки 18:11). Засолни се кај Јехова Бог и знај дека наскоро човештвото ќе биде ослободено од влијанието на тој злобник, Сатана. Какво радосно ослободување ќе биде тоа! (Откровение 20:1-3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели