Претскажување на иднината на светската економија
НЕСТАБИЛНОСТА на економскиот пазар и недостигот на доверба во аналитичарите кои не успеаја да го претскажат крахот на берзата во 1987, натераа некои бизнисмени да се свртат кон астрологијата за да им ја претскажела нивната финансиска иднина, тврди лондонското списание Accountancy Age. Списанието забележува дека „финансиските астролози имаат импресивна листа на угледни клиенти за нивните детални пазарни претскажувања“.
Еден советник циклусите коишто ги открива веќе 30 години во своите дневни финансиски податоци ги споредува со движењето на планетите. На темел на ова тој ги нуди своите претскажувања. Иако мнозина клиенти нерадо ги следеле неговите совети пред 1987, сега дури и тврдоглавите финансиери се спремни да ги слушаат.
Еден друг финансиски астролог користејќи ги податоците на раѓањето црта табели за да го процени карактерот на лицето, а и за да побара „потсетници за временско ускладување на веројатните деловни развои“. Друг, пак, верува дека варирањето на пазарот на сребро се одвива според некаков лунарен циклус. Но кога ќе се спореди со редовните финансиски аналитичари, овој астролог смета дека неговите клиенти му оставаат „многу мал простор за погрешно пресметување“.
Меѓутоа, постои една финансиска прогноза која сигурно ќе се обистини, а нема ништо заедничко со астрологијата. Оваа прогноза е забележана во Библијата и е инспирирана од Јехова, Богот кој не си дозволува апсолутно никаков „простор за погрешно пресметување“. Тој е Бог „Кој не лаже“ (Тит 1:2). Неговиот пророк Езекиел изјавил: „Среброто ќе си го исфрлаат по улици и златото нема да го почитуваат. Среброто нивно и златото нивно нема да биде во сила да ги спаси во денот на Господовата јарост“ (Језекиил 7:19).
Кога ќе биде тоа? Во текот на ‚големата неволја‘ (ДК) што ја прорекол Исус Христос, а која Езекиел ја означил како „ден на Господовата јарост“ (Матеј 24:21; Језекиил 7:19). Финансискиот напредок нема да обезбеди преживување, без оглед на она што астролозите би можеле да го претскажат. Само довербата во Јехова Бог, Големиот Избавител може да гарантира безбедност во текот на светскиот преврат во кој ќе биде отстранет секој вид корупција — политичка, религиозна и комерцијална (Соломонови изреки 3:5, 6; Софонија 2:3; 2. Петрово 2:9).