ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/1 стр. 32
  • Дали си како еден од нив?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си како еден од нив?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/1 стр. 32

Дали си како еден од нив?

„ПОДОБРО е еден ден да си лав, отколку илјада години јагне.“ Овие зборови му се припишуваат на некогашниот италијански диктатор Бенито Мусолини.

Како Мусолини, многумина би приговориле на идејата да бидат класифицирани во јарци и овци. Меѓутоа, древниот израелски псалмист–цар Давид објавил: „Господ [Јехова, NW] е Пастир мој, . . . Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води“ (Псалми 22:1, 2). Да, Јехова Бог е Голем Пастир кој нежно се грижи за својот народ, како да се безопасни овци.

Во Псалми 94:7 за Божјиот народ симболично се зборува како за овци, и таму читаме: „Зошто Он [Јехова] е Бог наш, и ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце“. Некои можеби очекувале псалмистот да зборува за „овци од неговото пасиште“, и „народ од неговата рака“. Но тука работите стојат обратно, и Јеховиниот народ сам се означува како негови овци. Тие се радуваат на користа од Божјето пасење и водени се од неговата љубезна рака.

Јеховиниот син, Исус Христос, е Добриот Пастир. Тој често ги означувал луѓето како овци. На пример, Исус зборувал за едно „мало стадо“ и за неговите „други овци“ (Лука 12:32; Јован 10:14–16). Што се однесува до неговите понизни ученици слични на овци, Исус рекол: „Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги отме од раката Моја“ (Јован 10:27, 28). Под надзорот на добротворен владетел, поданиците извлекуваат корист од неговата моќ, милост, водство и заштита (Откровение 1:16, 20; 2:1).

Никој не може луѓето слични на овци да ги отргне од Исусовата заштитничката рака. Денес, тој ги дели луѓето на „јарци“ кои ја немаат неговата милост, и на „овци“ кои ќе се радуваат на вечен живот под власта на Божјето небесно Царство (Матеј 25:31–46). Дали ќе докажеш дека си една од овие благословени овци?

[Извор на слика на страница 32]

Garo Nalbandian

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели