Во потрага по скриено богатство
ВО 1848, на местото на пиланата изградена на имотот на Сатр Мил во селото Колома во Калифорнија (САД), пронашле злато. До 1849, на ова место притекувале илјадници со надеж дека бргу ќе се збогатат. Започнала најголемата златна треска во историјата на Соединетите Држави. Само за една година, најблиското пристаниште Сан Франциско пораснало од едно малечко гратче во град од 25.000 жители. Изгледот за брзо богатење станал моќна мамка.
Соломон, цар на древниот Израел, знаел колку енергично човек копа по скриено богатство, па се осврнал на тоа кога напишал: „Ако ги повикаш знаењето и разумот; ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, — ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога“ (Соломонови изреки 2:3-5).
Можеш да направиш многу нешто со злато и сребро, но уште повеќе можеш со знаењето и разумот. Тие ќе ти помогнат да донесуваш исправни одлуки, да ги решаваш проблемите, да имаш успех во бракот и да пронајдеш среќа (Соломонови изреки 2:11, 12). На сличен начин, вистинското спознание и мудроста ќе ти помогнат да го запознаеш твојот Творец, да ги сфатиш неговите намери, да му бидеш послушен и да му угодуваш. Златото не може да ти даде ниту една од овие работи.
Зборовите од Библијата се вистинити: „Мудроста е заштита како што и парите се заштита, но предноста на знаењето е: мудроста го чува животот на сопственикот“ (Проповедник 7:12, New International Version). Иако многумина сонуваат за ненадејно богатство, колку само е помудро да се отвори Библијата и да се копа по разумност, разбирање, спознание и мудрост кои се вистинското богатство.