ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/9 стр. 32
  • Како скакулци

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како скакулци
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/9 стр. 32

Како скакулци

ДАЛИ некогаш лете си шетал низ ливада и си забележал како безброј скакулци ти излегуваат на патот? Како тревата да била полна со нив, иако малку си им обрнувал внимание. А, на крајот на краиштата, се чини дека се безопасни и безначајни.

Сепак, токму поради тоа што изгледаат безначајно тие се прикладен симбол за човештвото. Иако некои значајни луѓе можеби се сметаат себеси за многу важни, нашиот Творец мисли поинаку. Неговиот пророк Исаија рекол: „Он е Оној, Кој седи над кругот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него“ (Исаија 40:22).

Големината, моќта и мудроста на Јехова Бог го издигнуваат далеку над светот на луѓето, исто како што човекот е далеку посупериорен од скакулците по својата интелигенција и моќ. Меѓутоа, Божјата најголема особина е љубовта. И неговата неспоредлива љубов го поттикнува да нѐ забележува, да ни помага и да нѐ спасува — ако ние го љубиме и го слушаме. Јехова со нас постапува љубезно, иако ние сме слични на безначајните скакулци. Псалмистот рекол: „Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој живее на висините, и Кој со смиреност гледа на небото и на земјата; Кој од прав го издига сиромавиот“ (Псалми 112:5-7).

Како што објаснува овој псалам, Јехова љубезно му ја пружа својата помош на понизниот. Да, Тој им помога на оние кои понизно ‚Го бараат Господа, та не би ли некако Го нашле‘ (Дела на св. апостоли 17:27). Оние кои навистина го наоѓаат Бог — и му служат — стануваат во неговите очи скапоцени. (Спореди Исаија 43:4, 10). На овој начин понизниот скакулец служи да нѐ потсети на нашата сопствена безначајност и на љубовта на нашиот семоќен Творец, кој своето пријателство и незаслужена доброљубивост им го дарува на послушните луѓе. Дали ти покажуваш ценење за Божјата љубов?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели