ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/4 стр. 32
  • Многу поскапоцени од коралите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Многу поскапоцени од коралите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/4 стр. 32

Многу поскапоцени од коралите

Посетителите, чијшто број се зголемува, се одушевуваат на глетки како што е оваа во Црвеното Море.

Безброј риби со бои и нијанси на виножито ги фасцинираат нуркачите на чистите води. Но, забележи дека околу разнобојните риби се простира глетка која го одзема здивот, на други подводни чуда, вклучувајќи ги и коралите во брилјантни бои.

Прекрасните корали можат да се најдат во различни бои и облик. Како што можеш и да си претставиш, дури и во древните времиња блескавите парчиња корал биле многу ценети. Занаетчиите од нив изработувале прекрасни украси, а библиските писатели коралите ги споменувале заедно со златото, среброто и рубините (Изреки 3:14, 15; Језекиил 27:16). Но овие писатели ни помагаат да не гледаме само на убавината и вредноста на коралите.

Тие истакнале дека некои работи се многу повредни и дека треба повеќе да ги цениме. Една добра, способна жена се смета за таква скапоценост, како што читаме: „Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените камења [корали, НС]“ (Изреки 31:10). Дали си оженет? Погледни уште еднаш на извонредниве корали и размисли дали ја цениш својата сопруга како што таа заслужува.

Без обѕир дали сме маж или жена, венчани или самци, погледот на сјајните корали ќе ни помогне да ги цениме многу поголемите вредности како што се божествената мудрост, расудувањето и спознанието. Божјата Реч вели: „Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато; таа е поскапа и од скапоцени камења [корали, НС]; . . . ништо, па и сѐ што ти е мило, не може да се спореди со неа“ (Изреки 3:13-15; 8:11).

Така, без обѕир дали ќе ги гледаме во живо како нуркачи или на фотографија, коралите на Црвеното Море би требало да ни пренесат и убавина и материјал за корисно размислување.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели