Тие се придружиле кон обединето братство
Извештаите за соборени рекорди на стадионите обично го слават човекот, а не Бог. Колку само поинаку беше на 7. август 1993, на Стадионот на Републиката, во Киев (Украина).
Повеќе од 64.000 присутни посматраа со исчекување додека моментот се приближуваше. Тогаш, како одговор на две значајни прашања, илјадници рекоа „Да!“ На тој начин тие дадоа јавна изјава за својата вера и потоа тргнаа да го симболизираат своето предание на Јехова Бог со крштевање во еден од шестте базени поставени на стадионот (Матеј 28:19).
Така, на овој трет ден од меѓународниот конгрес на Јеховините сведоци „Божествена поука“, публиката посматраше еден истакнат настан: 7.402 беа крстени и станаа дел не од една разделена црква, туку од едно обединето светско христијанско собрание. Ако сакате да научите повеќе за вистинското христијанско единство, Ве молиме пишете на најблиската адреса на страница 2.