ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/12 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сличен материјал
  • Бидете нежно сочувствителни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Цени ја Божјата лојалност и спремност да прости
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Простувајте
    Пејте му фалби на Јехова
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/12 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Дали си извлекол практична корист од поновите изданија на Стражарска кула? Тогаш, зошто да не го провериш своето сеќавање преку следниве прашања:

▫ Зошто Јеховините сведоци продолжуваат да ги посетуваат своите ближни?

Самите Јеховини сведоци го посакуваат Божјиот благослов преку ветеното Царство, а мотивирани од љубов кон своите ближни, им го посакуваат истиот благослов и ним. Така, следејќи го Исусовиот пример, тие се чувствуваат поттикнати од несебична љубов да ги посетуваат своите ближни (Матеј 6:9, 10; 22:37-39; 15.8., страници 8, 9).

▫ Зошто верувањето во еволуција е прашање на вера?

Научниците никогаш не виделе мутации — дури ни корисни — кои произвеле нови животни форми, па сепак еволуционистите тврдат дека токму така се појавиле новите видови. Еволуционистите не биле сведоци на абиогенезата на животот, па сепак тврдат дека тоа е начинот како настанал животот (1.9., страница 5).

▫ Како најдобро ќе го надминеме обесхрабрувањето што може да се појави како резултат на ограничувањата во животот?

Каква и да е нашата ситуација, ако се концентрираме на она што можеме да го сториме, наместо да се вознемируваме поради она што не можеме да го сториме, животот ќе ни биде позадоволувачки и ќе најдеме радост во Божјата служба (Псалм 125:5, 6; 1.9., страница 28).

▫ Кои се користите од проштевањето?

Проштевањето на другите ги потпомогнува добрите односи (Ефесјаните 4:32); не само што придонесува за мир со блиските туку дава и внатрешен мир (Римјаните 14:19; Колосјаните 3:13-15); проштевањето на другите го порамнува патот да ни бидат простени и нашите гревови (Матеј 6:14); исто така, ни помага да задржиме на ум дека и нам лично ни е потребно проштевање (Римјаните 3:23; 15.9., страница 7).

▫ Како примерот на пророкот Амос ни помага во нашата проповедничка дејност?

Како Амос, така и ние ниту ја менуваме ниту ја разводнуваме Божјата порака. Напротив, послушно ја објавуваме, без разлика како ќе реагираат нашите слушатели (15.9., страница 17).

▫ Кои карактеристики на Бог треба да ги имитираме?

Две важни карактеристики се Јеховината организациска способност и неговата среќа (1. Коринтјаните 14:33; 1. Тимотеј 1:11). Овие Божји квалитети се урамнотежени така што ниту една од нив не е понадмоќна на сметка на другата (1.10., страница 10).

▫ Кои се некои позитивни чекори што родителите можат да ги преземат за да им помогнат на своите деца да му служат на Јехова?

Еден важен клуч е да се започне рано. Впечатоците што се добиваат и лекциите што се учат во раните години, ќе траат цел живот (Изреки 22:6). Важно е да се поучуваат за послушност и почитување кон Јехова и неговото обожавање на сите состаноци. Успешните родители учат да ги препознаваат погрешните тенденции кај своите деца и им помагаат да ги исправат (Изреки 22:16). На крајот, почнете рано пред вашето дете да поставувате теократски цели што ќе може во разумна мера да ги постигне (1.10., страници 27, 28).

▫ Која особена карактеристична одлика на Јеховиното простување треба да се обидуваме да ја примениме?

Јехова и простува и заборава (Јеремија 31:34). Ова е тешко за човечките суштества. Важноста да се прави тоа била нагласена од Исус, како што е запишано во Матеј 6:14, 15 (15.10., страници 25, 26).

▫ Кои три препреки спречуваат да бидеме сочувствителни?

Поради нашата грешна човечка природа, чувства на завист можат да пуштат корен. Ако почнеме да му завидуваме на некого, како тогаш ќе постапуваме кон него со нежно сочувство? Непотребното изложување на насилство е една друга препрека. Ова има тенденција да нѐ направи бесчувстителни спрема страдањето на другите. Освен тоа, на едно себично лице веројатно му недостига и сочувство (1. Јованово 3:17; 1.11., страници 19, 20).

▫ Каква лекција може да се научи од библискиот извештај за Јов?

Извештајот за Јов нѐ прави посвесни за Сатановите методи и ни помага да видиме како Јеховината сеопшта сувереност е поврзана со човековата беспрекорност. Како Јов, така и сите други кои го сакаат Бог мора да бидат испитани. Ние можеме да истраеме исто како што истрајал и Јов, докажувајќи дека Сатана е лажливец и можеме да уживаме во благословите на Божјето Царство (15.11., страница 20).

▫ Како може претседавачот на старешинството да му покаже должно признание на секој старешина?

Секогаш кога е тоа можно, претседавачот треба доволно рано да напише дневен ред за да им даде доволно време на другите старешини внимателно и во молитва да размислат за секоја наведена точка. На старешинскиот состанок, тој нема да се обидува да го обликува мислењето на старешините, туку, напротив, да ги охрабрува да покажуваат ‚слобода на говор‘ за работите за кои се дискутира (1. Тимотеј 3:13, НС; 1.12., страница 30).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели