ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/7 стр. 32
  • Можеш да имаш „лавовско срце“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш да имаш „лавовско срце“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/7 стр. 32

Можеш да имаш „лавовско срце“

ПОНЕКОГАШ Библијата го користи лавот како симбол за храброст и доверба. Смелите или храбрите луѓе се опишани како да имаат „лавовско срце“, а за праведните е кажано дека се ‚смели како лав‘ (2. Царства 17:10; Изреки 28:1). Особено кога е предизвикан, лавот покажува дека го заслужува својот глас како „најсилен меѓу ѕверовите“ (Изреки 30:30).

Својата одлучност да го заштити својот народ Јехова ја изедначува со бестрашноста на лавот. Исаија 31:4, 5 изјавува: „Како лав, како лавче, кое рика над пленот свој, макар и многу овчари да му викаат, од викањето нивно нема ни да трепне и пред нивното множество нема ни да отстапи, — така Господ Саваот ќе слезе да војува за гората Сион . . . ќе го заштити и ќе го избави, ќе го сожали и ќе го спаси“. На тој начин Јехова ги уверува своите слуги во неговата активна грижа, особено кога се соочуваат со неволји.

Библијата го споредува најголемиот напријател на човештвото, Сатана Ѓаволот, со крволочен лав што рика. За да избегнеме да станеме негов плен, Светото писмо ни кажува: „Бидете трезвени, бидете будни“ (1. Петрово 5:8). Еден начин да го правиме тоа е да ја избегнуваме смртоносната духовна дремливост. Во врска со тоа, Исус рекол: „Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет“ (Лука 21:34—36). Да, тоа што сме духовно будни во овие ‚последни денови‘ може да ни даде „лавовско срце“, кое е „спремно, зашто се надева во Господа“ (2. Тимотеј 3:1; Псалм 111:7, 8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели