ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/9 стр. 32
  • Исполнување на библиското пророштво

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исполнување на библиското пророштво
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/9 стр. 32

Исполнување на библиското пророштво

ВО ИМПЕРИЈАЛНИОТ воен музеј во Лондон (Англија) е изложен еден уникатен часовник, како и еден електронски дигитален бројач. Додека часовникот се врти, бројачот чкрапа на секоја 3,31 секунда. При секое чкрапање, кон вкупниот број се додава уште една бројка. Секое чкрапање, секој број претставува еден маж, жена или дете кои умреле како последица од војна во текот на овој век.

Бројачот ја почна својата пресметка во јуни 1989 година и се очекува одбројувањето да го заврши на полноќ спроти 2000-тата година. Дотогаш, цифрата на бројачот ќе регистрира сто милиони — колку што се проценува бројот на смртни случаи поврзани со војни во текот на XX век.

Пред скоро 2.000 години, Исус Христос прорекол едно време кое ќе биде обележано со тоа што „ќе се крене народ против народ и царство против царство“. Во склад со тоа, Јеховините сведоци одамна проповедале дека опустошувачките војни во овој век, заедно со бројните земјотреси, чуми, оскудица на храна и други настани, колективно даваат доказ дека ние живееме во „последните денови“ — временски период што настапил после Христовото поставување за Цар на небото во 1914 година (Лука 21:10, 11; 2. Тимотеј 3:1).

Користејќи ја Библијата како свој авторитет, Стражарска кула ја објавува добрата вест дека Божјето Царство наскоро ќе ги уништи угнетувачите и дека Земјата ќе ја претвори во рај. А што е со иднината на војните? Библијата наведува: „Дојдете и видете ги делата Божји — чудесата што ги направи Он на земјата. Прекратувајќи ги војните до крајот на земјата, ќе го скрши лакот и ќе го здроби оружјето, и штитовите големи со оган ќе ги изгори“ (Псалм 45:8, 9).

[Извор на слика на страница 32]

Часовник: Со љубезна дозвола од Империјалниот воен музеј

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели