ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/10 стр. 32
  • „Јехова одговори на моите молитви!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јехова одговори на моите молитви!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/10 стр. 32

„Јехова одговори на моите молитви!“

ШИРУМ светот, Јеховините сведоци водат скоро пет милиони домашни библиски студии со луѓето кои се заинтересирани да постигнат точно спознание за Бог и за неговата прекрасна намера за човештвото. Дури и децата меѓу Јеховините сведоци имаат удел во ова дело. На пример, размисли за едно момче по име Џоел. Тој го симболизирал своето предание на Јехова и се крстил на деветгодишна возраст. По една година, го имал следново искуство:

„Додека бев во службата, сретнав една жена по име Канди. Ѝ ја понудив брошурата ‚Гледај! Сѐ ново создавам!‘ Таа веќе ја имаше, па ѝ ја понудив книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Ѝ неа веќе ја имаше. Тогаш си помислив: ‚На оваа жена ќе ѝ понудам библиска студија‘. Таа прифати!

Сестра ѝ на Канди, која беше на умирање од рак, дојде да живее кај неа. Освен тоа, Канди студираше за медицинска сестра. И така, еден извесен временски период библиската студија беше прекината. Но, моите родители и јас одржувавме контакт со неа оставајќи ѝ ги списанијата нејзе или на нејзиниот сопруг Дик. Тој ни рече дека таа ги чува списанијата до својот кревет и дека ноќе ги чита.

На крајот, сестра ѝ на Канди умре. Тато, мама и јас разговаравме со Канди за состојбата на умрените. Таа одлучи да продолжи со својата библиска студија. Еден друг ден, го запрашавме Дик дали би сакал да проучува заедно со Канди и тоа да биде семејна студија. Тој мислеше дека тоа е добра идеја. И така, сега, заедно со тато, јас проучувам и со Дик и со Канди. Тие добро напредуваат и изразуваат ценење за библиската студија.

Јас се молев за библиска студија и Јехова одговори на моите молитви!“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели