Кои ќе бидат евангелизатори?
НА ЕДЕН состанок на Светскиот совет на црквите пред 40-тина години, членовите беа поттикнати да ‚избувнат во дух на евангелизација‘ и да ги поучат своите стада „да одат да евангелизираат“. Пет години подоцна, Џон А. О’Брајен, еден католички свештеник, пишувал за потребата да се доведат нови ученици „со одење кај нив“, а не едноставно „со седење во нашите домови“. А во јануари 1994 година, папата Јован Павле II рече дека „не е време да се срамиме од Евангелието, туку е време тоа да се проповеда од покривите“.
Очигледно, овие повремени повици по евангелизатори наишле на глуви уши. Една статија во австралискиот весник Illawarra Mercury навела: „Угледни католици од Јужниот брег не се желни да го усвојат пристапот од типот на Јеховините сведоци во поглед на својата вера“. Еден човек рекол дека евалгелизмот едноставно „не е дел од католичката психа“. Еден друг резонирал: „Добро е Црквата да се пропагира себеси, но не со чукање на вратите. Можеби ќе биде подобро преку школите или преку поштенските сандачиња“. Дури и деканот на една локална катедрала не бил баш сигурен како да ги протолкува забелешките на папата. „Ние би ги охрабриле луѓето да го живеат Евангелието што го познаваат преку својот сопствен живот“ — рекол тој. „Дали тоа значи чукање на вратите — е друга работа.“ Ударниот наслов во новинската статија добро го сумира тоа: „Католиците не сакаат да го послушаат повикот на папата да проповедаат“.
И покрај пропустот на христијанскиот свет да евангелизира, повеќе од пет милиони Јеховини сведоци ја следат Исусовата заповед да ‚одат и да ги научат сите народи‘ (Матеј 28:19, 20; спореди Дела 5:42). Нивното проповедање од врата до врата сега се извршува во над 230 земји. Пораката што тие ја донесуваат е позитивна и ги истакнува прекрасните ветувања од Библијата во врска со иднината. Зошто да не поразговарате со нив следниот пат кога ќе Ве посетат?