„Робувајте за Господарот, Христа“
НИЗ историјата, милиони луѓе го поднесувале бремето на ропството. На пример, пред илјадници години, Израелците силно страдале од рацете на египетските надгледници. Како што вели Библијата, тие „поставиле терачи на робови над Израелците за да ги истоштуваат под тешки товари“, особено при правењето тули (2. Мојсеева 1:11, The Jerusalem Bible).
Во многу земји денес, луѓето можеби не робуваат во дословна смисла, но мнозина мораат да работат долги часови под изискувачки — а понекогаш и непријателски — услови. Тие се под тешкото бреме на она што би можело да се нарече економско ропство.
Меѓутоа, постои еден облик на ропство кој не е мачен. Апостол Павле ги поттикнал соверниците: „Робувајте за Господарот, Христа“ (Колосјаните 3:24, НС). Оние кои избираат да станат робови на Христа, наоѓаат олеснување од своите тешки товари. Самиот Исус рекол: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Матеј 11:28—30).
Прифаќањето на Христовиот јарем не нѐ ослободува од обврската да го обезбедуваме своето семејство во материјален поглед (1. Тимотеј 5:8). Меѓутоа, тоа ни нуди слобода од многуте заплеткувања во материјалистичките тежнеења. Наместо да ја прават материјалната удобност своја главна цел во животот, христијаните се задоволуваат со основните потребни работи (1. Тимотеј 6:6—10; спореди 1. Коринтјаните 7:31).
Христијаните наоѓаат освежување и во исполнувањето на својата одговорност да го проповедаат „евангелието“ за Божјето Царство (Матеј 24:14). Тоа донесува вистинска радост и задоволство!
Треба да бидеме благодарни што можеме да ‚робуваме за Господарот, Христа‘!
[Извор на слика на страница 32]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.