Дали ќе внимаваш на предупредувањето?
НА 19 мај 1997, еден циклон профучи низ областа Читагонг (Бангладеш). Во градот Кокс Базар беше известено дека се приближуваат ветрови со брзина од 250 километри на час. Сламените колиби во селските подрачја едноставно исчезнаа, оставајќи мали калливи квадрати каде што некогаш стоеја. Некои дрвја и телеграфски столбови беа искорнати; други, пак, беа распукани на половина како чкорчиња. Еден наслов во весникот Bhorar Kagoj извести дека циклонот убил 105 луѓе.
Метеоролошката служба го објави приближниот правец на бурата речиси 36 часа однапред. Несомнено, многу животи беа спасени додека стотици илјади луѓе најдоа заштита во бетонските засолништа од циклон.
Сега веќе над сто години, Јеховините сведоци објавуваат вест за една претстојна катаклизма која ќе биде многу поразорна од кој и да е циклон. Библијата ја нарекува „денот Господен, великиот и страшниот“ (Јоил 2:31). Ако внимаваме на пророчките пораки на предупредување кои се наоѓаат во Библијата, ќе можеме да го избегнеме неговиот бес (Софонија 2:2, 3).
Не, Јеховините сведоци не се пророци на коб. Нивната порака е порака на надеж. Тие сакаат да им помогнат на луѓето да научат за Божјето Царство кое наскоро ќе ја ослободи Земјата од сета неправедност. Божјата Реч, Библијата, ни кажува: „Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:10, 11).
[Извор на слика на страница 32]
WHO/Сојуз на Црвениот крст