ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 15/7 стр. 32
  • Водство во изборот на добри другари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Водство во изборот на добри другари
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 15/7 стр. 32

Водство во изборот на добри другари

ЗА ВОДСТВО во врска со облекувањето и музиката, младите се ослонуваат на своите врсници наместо на родителите, забележува еден извештај во Reader’s Digest. Затоа, животоважно е родителите да знаат со кого се дружат нивните деца и каде.

„Ваша одговорност е да испитате“, вели Езма фон Ренсборк, виш предавач во одделот за психологија на еден универзитет во Јужна Африка. Таа додава: „Постојат шанси дека вашето дете ќе се изнервира со вас, но ќе се смири“. Потоа, таа им ги дава на родителите следниве препораки. Правилата треба да бидат логични и да содржат јасни основни начела; слушајте го детето; не реагирајте претерано туку останете смирени и знајте што сакате да кажете. Доколку вашето дете веќе склопило пријателство со некој непожелен другар, сосредоточете се на неприфатливото однесување што се унапредува со тоа пријателство наместо само да му забранувате понатамошно дружење.

Здравиот совет за родителите веќе долго време е достапен во Божјата реч, Библијата. На пример, таа вели: ‚Биди брз во слушањето, а спор во зборувањето, и бавен на гнев‘ (Јаков 1:19). Исто така, Писмото го дава и овој убав совет во врска со изборот на другари: „Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде“ (Изреки 13:21). Овие примери ја илустрираат мудроста која им е достапна на оние кои со ценење ја читаат Библијата и она што таа го вели го применуваат во секојдневниот живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели