Родители приговараат на предрасудите на еден наставник
Еден наставник во основно училиште во Касано Мурџе (Италија), на некои од своите ученици им дал да однесат дома налепници. На овие налепници, кои требало да ги стават на влезната врата, било напишано: „Ние сме католици. Ги молиме Јеховините сведоци да не тропаат на оваа врата“.
Родителите на некои ученици, иако не се Јеховини сведоци, остро приговориле на постапките на наставникот. Според весникот Muoviti Muoviti родителите тврделе дека ‚давањето ваква порака на децата придонесува тие да го одбиваат секој кој не размислува како нив или да отфрлат некого бидејќи е религиозно „поинаков“‘. Еден родител, кој пишал до весникот, налепницата ја нарекол „семе на плевел, ќерка на незнаење и глупости“.
Како што покажува овој извештај, многу справедливи луѓе ги препознаваат опасностите од сеење семе на предрасуди. Исто така, тие имаат почит кон христијанската служба што ја извршуваат Јеховините сведоци во Италија и низ целиот свет. Зошто не ги прашаш Сведоците за ‚причината за нивната надеж‘? Тие ќе бидат желни да подискутираат за тоа со тебе, и тоа со „длабока почит“ (1. Петрово 3:15, NW).