ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/6 стр. 32
  • Да му се остане лојален на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да му се остане лојален на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/6 стр. 32

Да му се остане лојален на Јехова

ЛОЈАЛНОСТА, иако денес ретко ја има, е особина која ги карактеризира слугите на вистинскиот Бог Јехова. Лојалната личност останува цврста низ испитите и непоколеблива и покрај изминувањето на времето. Размисли за добриот цар Езекија. „Како него немаше меѓу сите јудејски цареви — и по него, и пред него“, вели Библијата. Што го направило Езекија единствен? Тој ‚се приврзал кон Господа [Јехова, NW]‘ иако бил опкружен со обожаватели на лажниот бог Молох. Да, Езекија ‚не отстапувал од [Јехова] и ги пазел заповедите Негови‘ (4. Царства 18:1—6).

Апостол Павле бил уште еден човек кој му останал лојален на Јехова. Записот за неговата служба кој се наоѓа во Христијанските грчки списи дава живо сведоштво за Павловата постојаност во вршењето на службата на Бог со сета душа. Кон крајот на својот земен живот, Павле за себе можел да рече: „Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив“ (2. Тимотеј 4:7).

Какви само прекрасни примери на лојалност ни се Езекија и Павле! Да ја имитираме нивната вера со тоа што ќе му останеме лојални на нашиот Величествен Бог Јехова (Евреите 13:7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели