ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/11 стр. 32
  • Внатрешната убавина има трајна вредност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Внатрешната убавина има трајна вредност
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/11 стр. 32

Внатрешната убавина има трајна вредност

„МЛАДИОТ ЧОВЕК ЈА ИЗЕДНАЧУВА УБАВИНАТА СО ДОБЛЕСТ“, ЗАБЕЛЕЖАЛ ЕДЕН ПОСТАР ВЕРЕН ХРИСТИЈАНИН.

Да, човекот долго време има склоност да става претеран нагласок врз надворешната убавина, што честопати води до погрешно просудување на внатрешните вредности. Меѓутоа, нашиот Творец нѐ гледа какви сме однатре, сеедно каква е нашата надворешност. Со тоа дава најдобар пример за зрело просудување. Според Библијата, самиот Бог рекол: „Бог не гледа како што гледа човекот: човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето“ (1. Самоил 16:7).

Бог е Изворот на вистинската човечка убавина, а неговата Реч открива дека кога се одредува вистинската вредност на едно лице, најмногу вредат духовните особини. Библијата наведува: „Миловидноста е лажлива, убавината е суетна: жена со страв од Господа, заслужува пофалба“ (Пословици 31:30). Секако, надворешната привлечност може да ја замаскира внатрешната грдотија (Естира 1:10—12; Пословици 11:22). Иако физичката убавина може со текот на времето да исчезне, внатрешната убавина — особините на срцето — може да растат и да траат.

Според тоа, колку само е мудро да негуваме особини како што се љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, доброта, вера, благост и самосовладување! (Галатите 5:22, 23). На тој начин можеме да стекнеме внатрешна убавина која навистина има трајна вредност (1. Петрово 3:3, 4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели