ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/6 стр. 32
  • „Ударите од пријателот“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ударите од пријателот“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/6 стр. 32

„Ударите од пријателот“

АПОСТОЛ Павле ја увидел потребата да им даде исправка на христијаните во Галатија во првиот век. Веројатно за да спречи каква и да било огорченост, тој прашал: „Па тогаш, дали ви станав непријател затоа што ви ја зборувам вистината?“ (Галатите 4:16).

Со тоа што ‚им ја зборувал вистината‘, Павле не им станал непријател. Тој, всушност, постапувал во согласност со библиското начело: „Ударите од пријателот се искрени“ (Пословици 27:6). Тој знаел дека може да биде повредена гордоста на оние што грешат. Сепак, бил свесен дека ако застане меѓу еден грешник и дисциплината што му е потребна, последицата би била на таквиот да му се ускрати еден израз на љубовта на Јехова Бог (Евреите 12:5-7). Затоа, како верен пријател, кој ги имал на срце долгорочните интереси на собранието, Павле не се воздржал да даде совет за исправање.

Денес, Јеховините сведоци го исполнуваат својот налог ‚да прават ученици од луѓето од сите нации . . . учејќи ги да држат сѐ што [Исус Христос] им заповедал‘. Притоа, овие искрени христијани не ги компромитираат библиските вистини што разоткриваат и осудуваат некоја доктринална грешка и нехристијанско однесување (Матеј 15:9; 23:9; 28:19, 20; 1. Коринќаните 6:9, 10). Наместо да станат непријатели што треба да се отфрлат, тие покажуваат интерес својствен на вистински пријатели.

Со божествено инспириран увид, псалмистот напишал: „Нека ме удри само праведниот — љубов е што ме укорува, тоа е масло на мојата глава [кое мојата глава не сака да го одбие, NW]“ (Псалм 141:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели