ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/11 стр. 32
  • Уништувачи на дрвја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Уништувачи на дрвја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/11 стр. 32

Уништувачи на дрвја

ВО БИБЛИСКИ времиња дрвјата биле високо ценети артикли. На пример, кога Авраам купил место за закоп на својата сакана жена Сара, во договорот за пренос на имотот биле набројани и дрвјата (Битие 23:15-18).

На сличен начин, и денес дрвјата се високо ценети, а на заштитата на шумите е посветено големо меѓународно внимание. Книгата State of the World 1998 (Состојбата на светот — 1998) вели: „Иако на тропските шуми гледаат со загриженост, многу луѓе во северните земји можеби не се ни свесни дека умерените шуми во нивната сопствена земја се најрасцепкани и најизложени на штетни влијанија од сите видови шуми“. Што му се заканува на здравјето на шумите во тие северни земји на Европа и Северна Америка? Многу луѓе укажуваат на ископачувањето, но постојат и други сили кои подмолно ги уништуваат дрвјата, ливче по ливче, игличка по игличка, така да се каже. Кои сили? Загадувањето на воздухот и киселиот дожд. Овие загадувачи можат постепено да ги ослабнат дрвјата и да ги направат ранливи на штетници и болести.

Стручњаците за заштита на животната средина и други загрижени граѓани со децении предупредувале на потребата да се заштити екосистемот на Земјата. Во 1980-тите, откако ги проучиле ефектите од загадувањето на воздухот и киселиот дожд врз животната средина, некои научници од Германија дошле до заклучок: ‚Ако не се стори ништо, околу 2000 година луѓето ќе дојдат во ситуација да им се восхитуваат на шумите само на старите фотографии и на филмовите‘. За среќа, Земјата има таква моќ за обновување што досега одолеала на голем дел од претскажаната штета.

Но, долгорочно, Бог е тој што ќе стори најмногу за да го заштити нашиот екосистем. „Ти ги натопуваш планините од Твоите дворци“ и „правиш да никне трева за добитокот, и зеленчук за потребите на човекот.“ И, тој ветил дека ‚ќе ги уништи оние кои ја уништуваат земјата‘ (Псалм 104:13, 14; Откровение 11:18). Колку само ќе биде прекрасно кога жителите на Земјата засекогаш ќе можат да се радуваат на свет ослободен од загадување! (Псалм 37:9-11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели