ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/1 стр. 32
  • Добрите дела го слават Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добрите дела го слават Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/1 стр. 32

Добрите дела го слават Бог

СО СВОЕТО добро однесување и примерни дела, вистинските христијани му донесуваат слава на Бог (1. Петрово 2:12). Ова може да се види од она што се случило во Италија во изминатите години.

Во септември 1997, еден силен земјотрес погоди различни делови од регионите на Марке и Умбрија, оштетувајќи речиси 90.000 домови. Групи Јеховини сведоци веднаш им понудија помош на соверниците и на другите. Беа обезбедени приколки, вреќи за спиење, шпорети, генератори и други потребни работи. Ваквите акции за помош не поминаа незабележано.

Весникот Il Centro извести: „Први што стигнаа со помош на погодените подрачја беа Јеховините сведоци од Росето [во провинцијата Терамо] . . . Освен што периодично се состануваат за да се молат, тие верни на Јехова работат на практичен начин, подавајќи им рака на оние што страдаат, без да гледаат на која религија ѝ припаѓаат“.

Градоначалникот на Носера Умбра, еден од градовите кои биле најмногу погодени, на Сведоците им напишал: „Од срце и лично ви благодарам за помошта што му ја укажавте на населението на Носера. Сигурен сум дека ги изразувам чувствата на сите негови жители“. Освен тоа, Министерот за внатрешни работи го награди Congregazione Cristiana dei Testimoni di Geova (Христијанското собрание на Јеховините сведоци) со диплома за заслуга и со медал ‚за сведоштво за работата што ја извршија и за покажаната марливост во активностите поврзани со итните потреби што настанаа во регионите на Умбрија и Марке‘“.

Во октомври 2000, регионот на Пиемонт во северна Италија беше погоден од катастрофална поплава. Повторно, Сведоците веднаш стапија во акција за да дадат помош. И овие прекрасни дела не поминаа незабележано. Пиемонтскиот регион ги награди со плакета за нивната „драгоцена доброволна работа во поддршка на пиемонтското население погодено од поплавата“.

Исус Христос ги поучил своите ученици: „Нека свети вашата светлина пред луѓето за да ги видат вашите добри дела и да му дадат слава на вашиот Татко кој е на небесата“ (Матеј 5:16). Јеховините сведоци радосно го слават Бог, а не себеси, извршувајќи „добри дела“ со кои им помагаат на своите ближни духовно и на други начини.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели