Најважниот настан во историјата
ТОА била смртта на Исус Христос. Зошто бил толку важен тој настан? Од неколку причини.
Исусовата верност до смрт докажала дека човекот може да задржи интегритет кон Бог.
Христовата смрт дала можност некои да станат негови совладетели на небото. Исто така, го отворила патот уште многу други да уживаат вечен живот во еден земен рај.
Вечерта пред да умре, Исус употребил бесквасен леб и црвено вино како симболи за својата љубезна човечка жртва. А на учениците им рекол: „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19). Дали ќе се потсетиш на овој важен настан?
Јеховините сведоци срдечно те покануваат да им се придружиш во прославата на Меморијалот на Исусовата смрт. Оваа година датумот за оваа прослава е четврток, 28 март, по зајдисонце. Можеш да присуствуваш во најблиската Сала на Царството. Те молиме информирај се кај Јеховините сведоци локално за точното време и место.