ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/6 стр. 30
  • Тетраграматонот во Септуагинтата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тетраграматонот во Септуагинтата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/6 стр. 30

Тетраграматонот во Септуагинтата

БОЖЕСТВЕНОТО име, Јехова, е претставено со тетраграматонот, т.е. четирите хебрејски букви יהוה (ЈХВХ). Долго време се верувало дека тетраграматонот не се појавувал во примероците на Септуагинтата. Затоа се тврдело дека кога цитирале од Хебрејските списи, писателите на Христијанските грчки списи во пишувањето не го користеле божественото име.

Низата откритија до кои било дојдено во последниве стотина години покажале дека Божјето име сепак се појавувало во Септуагинтата. Еден извор вели: „Желбата точно да се сочува во потполност светото Божје име била толку голема што хеленистичките Евреи, кога ја преведувале хебрејската Библија на грчки, ги препишале токму буквите од тетраграматонот во грчкиот текст“.

Папирусниот пергамент покажан на левата страна е само еден од неколкуте примероци што преживеале. Пронајден во Оксиринхус (Египет), и со даден број 3522, овој фрагмент датира од првиот век н.е.a Неговата големина изнесува 7 на 10,5 сантиметри, а содржи текст од Јов 42:11, 12. Тетраграматонот, кој е заокружен, се појавува со древни хебрејски букви.b

Според тоа, дали божественото име се појавувало во раните примероци на Христијанските грчки списи? Изучувачот Џорџ Хауард вели: „Со оглед на тоа што тетраграматонот сѐ уште бил напишан во примероците на грчката Библија [Септуагинтата], која го сочинувала Писмото на раната црква, разбирливо е да се верува дека кога цитирале од Писмото, писателите на [Н]овиот З[авет] го сочувале тетраграматонот во библискиот текст“. Се чини дека кратко потоа препишувачите го замениле божественото име со сурогати, како што се Кириос (Господ) и Теос (Бог).

[Фусноти]

a За повеќе информации за папирусите пронајдени во Оксиринхус, види Стражарска кула од 15 февруари 1992, страници 26—28.

b Во врска со други примери за божественото име во древните грчки верзии, види New World Translation of the Holy Scriptures—With References, апендикс 1C.

[Извор на слика на страница 30]

Со љубезна дозвола на Египетското истражувачко друштво

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели