ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/7 стр. 32
  • Не дозволувај да бидеш измамен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не дозволувај да бидеш измамен
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/7 стр. 32

Не дозволувај да бидеш измамен

ИЗМАМАТА е стара речиси колку и човештвото. Еден од првите настани во пишаната историја бил чин на измама. Тоа било кога Сатана ја измамил Ева во градината Еден (Битие 3:13; 1. Тимотеј 2:14).

Иако оттогаш на Земјата немало време кога измамата не била раширена, таа особено преовладува денес. Гледајќи на денешното време, Библијата предупредила: „Злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо, заведувајќи и бидувајќи заведени“ (2. Тимотеј 3:13).

Луѓето се измамени од секакви причини. Лажливците и шарлатаните ги мамат жртвите за да им ги извлечат парите. Некои политичари ги мамат своите избирачи, решени да останат на власт по секоја цена. Луѓето се мамат дури и самите себе. Наместо да се соочат со непријатните вистини, тие си се убедуваат дека нема никаква штета од тоа да практикуваат опасни работи, како што се пушење, злоупотреба на дрога или сексуален неморал.

Потоа, тука е и измамата во однос на религиозните работи. Верските водачи од времето на Исус ги мамеле луѓето. За тие измамници Исус рекол: „Тие се слепи водачи. Ако, значи, слеп води слеп, обајцата ќе паднат во јама“ (Матеј 15:14). Освен тоа, луѓето се мамат и самите себе во однос на религиозните работи. Во Пословици 14:12 стои: „Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта“.

Како и во времето на Исус, многумина денес се измамени во однос на религиозните работи, и не е ни чудо! Апостол Павле рекол дека Сатана „им ги заслепил умовите на неверниците за да не продре до нив светлината на славната добра вест за Христос, кој е слика на Бог“ (2. Коринќаните 4:4).

Ако нѐ мами измамник, губиме пари. Ако нѐ мами политичар, може да изгубиме дел од нашата слобода. Но, ако нѐ мами Сатана да ја отфрлиме вистината за Исус Христос, губиме вечен живот! Затоа, не дозволувај да бидеш измамен. Отвори ги умот и срцето за единствениот неоспорен извор на религиозна вистина, Библијата. Ако постапуваш поинаку, ризикуваш премногу (Јован 17:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели