Дали тоа беше век на Сатана?
„ВО НАЈЛОШ случај, ова беше век на Сатана. Никогаш порано луѓето не покажувале толкава склоност и апетит за убивање милиони други луѓе поради нивната раса, религија или сталеж.“
Педесетгодишнината од ослободувањето на невините жртви затворени во нацистичките логори на смртта беше повод за споменатиот коментар во еден уреднички осврт во The New York Times од 26 јануари 1995. Во холокаустот — еден од најпознатите геноциди во историјата — биле истребени околу шест милиони Евреи. Речиси три милиони нееврејски полски граѓани умреле во она што се нарекува „заборавениот холокауст“.
„Се проценува дека во периодот помеѓу 1900 и 1989 во војна беа убиени 86 милиони луѓе“, вели Џонатан Гловер во својата книга Humanity—A Moral History of the Twentieth Century (Човештвото — морална историја на дваесеттиот век). Тој додава: „Смртта во војните на дваесеттиот век беше во размери што тешко можат да се сфатат. Секој просек на бројот на мртвите е вештачки, зашто околу две третини (58 милиони) од нив беа убиени во двете светски војни. Но, ако бројот на мртвите рамномерно се распредели низ целиот тој период, во војна умирале околу 2.500 луѓе секој ден. Тоа се 100 луѓе секој час, деведесет години, нон-стоп“.
Како резултат на тоа, 20 век е означен како еден од најкрвавите векови што човештвото некогаш ги доживеало. Во книгата Hope Against Hope (Залудни надежи), Надежда Мендилштам пишува: „Го видовме триумфот на злото откако моралните принципи на хуманизмот беа омаловажени и згазени“. Дали злото навистина победило во борбата помеѓу доброто и злото?
[Извор на слика на страница 2]
НАСЛОВНА СТРАНИЦА: Мајка и ќерка: J.R. Ripper/SocialPhotos
[Извор на слика на страница 3]
Фотографија на министерството за енергија на САД