ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/1 стр. 32
  • Спомен на погубените Сведоци на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спомен на погубените Сведоци на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/1 стр. 32

Спомен на погубените Сведоци на Јехова

НА 7 МАРТ 2002, во градот Корменд во западна Унгарија, беше откриена спомен-плоча во знак на смртта на тројца Јеховини сведоци убиени од нацистите во 1945.

Плочата е закачена на ѕидот на денешниот штаб на противпожарната служба на улицата Хунјади, каде што било извршено јавното погубување. Плочата беше посветена на споменот на ‚христијаните што во март 1945 беа погубени како лица со приговор на совеста. Антал Хониш (1911—1945), Берталан Сабо (1921—1945), Јанош Жондор (1923—1945), 2002, Јеховини сведоци‘.

Погубувањето било извршено само околу два месеца пред крајот на Втората светска војна. Зошто биле убиени овие христијани? Унгарскиот весник Vas Nèpe објаснува: „По доаѓањето на Хитлер на власт во Германија, не само Евреите туку и членовите на Јеховините сведоци биле прогонувани и мачени, затворани во концентрациони логори, а и убивани доколку не се одречеле од своето религиозно убедување . . . Во март 1945, во западниот дел на Унгарија владеел апсолутен терор . . . Дел од овој терор било депортирањето и убивањето на членовите на Јеховините сведоци“.

Програмата во врска со откривањето на плочата беше поделена на два дела. Првиот се одржа во театарот во замокот Батијани, каде што меѓу говорниците беа професор Сабоч Сита, директор на Центарот за документација од холокаустот, во Будимпешта; Ласло Донат, член на парламентарниот одбор за човекови права, малцинства и верски работи; и Калман Комјачи, очевидец на погубувањето, кој сега е градски историчар. Повеќе од 500-те присутни пропешачија низ градот за вториот дел од програмата — откривањето на плочата од страна на градоначалникот на Корменд, Јозеф Хонфи.

Во своето проштално писмо, Јан (Јанош) Жондор ги поттикнал своите христијански браќа и сестри да не жалат. Тој напишал: „Сѐ уште ги имам на ум зборовите на Јован од Откровение 2:10: ‚Покажи се верен до самата смрт‘ . . . Кажете им на оние дома да не жалат, зашто јас умирам за вистината, а не како криминалец“.

[Слика на страница 32]

Берталан Сабо

[Слика на страница 32]

Антал Хониш

[Слика на страница 32]

Јан Жондор

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели