Ќе ѝ дојде ли некогаш крај на сиромаштијата?
„ЕТЕ, солзи на угнетуваните, и никој нема да ги избрише; и насилства на угнетувачката рака, а утешител нема за нив“ рекол мудриот цар Соломон од древниот Израел (Проповедник 4:1). Без сомнение, мнозина од угнетените што ги имал на ум биле и сиромашни.
Сиромаштијата не може да се мери само со монетарни термини. Според податоците што ги дала Светската банка во јуни 2002, „се проценува дека во 1998 година, 1,2 милијарди луѓе ширум светот имале ниво на потрошувачка под 1 долар на ден . . . а 2,8 милијарди живееле со помалку од 2 долара на ден“. Било забележано дека, иако овие бројки се пониски од претходните проценки, „тие сѐ уште остануваат премногу високи изразени преку човечко страдање“.
Ќе ѝ дојде ли некогаш крај на сиромаштијата? Исус Христос им рекол на своите ученици: „Сиромасите ги имате секогаш со вас“ (Јован 12:8). Но, дали ова значи дека сиромаштијата и нејзините горчливи последици ќе продолжат засекогаш? Не, зашто иако Исус не им ветил на своите следбеници дека сите тие ќе станат материјално богати, од неговите зборови не треба да заклучиме дека нема надеж за сиромашните.
И покрај човечките напори и фактот дека ветувањата да ѝ се стави крај на сиромаштијата честопати не се исполниле, Божјата реч, Библијата, нѐ уверува дека наскоро повеќе нема да има сиромашни луѓе. Всушност, Исус им објавувал „добра вест на сиромасите“ (Лука 4:18). Во оваа добра вест е вклучено и ветувањето дека сиромаштијата ќе биде искоренета. Тоа ќе се случи кога Божјето Царство ќе воведе праведни услови на земјата.
Колку поинаков свет ќе биде тоа! Небесниот Цар Исус Христос „ќе се сожали на понижениот и на сиромашниот, и ќе ги спаси душите на сиромасите“. Навистина, „од угнетување и од насилство ќе ги избави душите нивни“ (Псалм 72:13, 14, NW).
Во врска со тоа време, Михеј 4:4 вели: „Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши. Тоа го раче устата на Господ над Војските“. Божјето Царство ќе ги реши сите проблеми што го измачуваат човештвото, ќе ги отстрани дури и болеста и смртта. Бог „ќе ја уништи смртта засекогаш. И Господ Бог „ќе ја избрише солзата од секое лице“ (Исаија 25:8).
Можеш да имаш доверба во овие ветувања зашто се инспирирани лично од Бог. Зошто не ги испиташ доказите што потврдуваат дека библиските пророштва се веродостојни?
[Извор на слика на страница 32]
FAO фотографија/М. Марзот