Божјето гледиште за мртвите
СМРТТА на некој сакан навистина претставува тешка болка. Чувството на празнина, осаменоста и чувството на загуба се неизмерни. Загубата на некој сакан може да направи човек да се чувствува беспомошен зашто, колку и да е богат, моќен или влијателен, сега никој на земјата не може да врати во живот мртов човек.
Меѓутоа, нашиот Творец поинаку гледа на работите. Штом го создал првиот човек од земен прав, тој е исто така способен и повторно да создаде некој што починал. Од оваа причина, Бог може да гледа на мртвите како да се живи. Во врска со верните слуги од дамнина, кои умреле, Исус рекол: „За него [Бог] сите се живи“ (Лука 20:38).
Додека бил на земјата, на Исус му била дадена моќ да воскреснува мртви (Јован 5:21). Според тоа, и тој, како и Татко му, има исто гледиште за мртвите што умреле верни. На пример, кога умрел неговиот пријател Лазар, Исус им рекол на своите ученици: „Јас одам . . . да го разбудам од сонот“ (Јован 11:11). Од човечка гледна точка Лазар бил мртов, но за Јехова и за Исус, Лазар спиел.
Под Царската влада на Исус ќе има „воскресение на праведните и на неправедните“ (Дела 24:15). Со текот на времето, оние што се воскреснати ќе добијат божествено образование и ќе имаат изглед за вечен живот на земјата (Јован 5:28, 29).
Да, смртта на некој сакан може да предизвика голема болка и тага, која може да трае со години. Сепак, ако гледаме на мртвите како што гледа Бог, тоа може да ни донесе голема утеха и да нѐ исполни со надеж (2. Коринќаните 1:3, 4).