„Најдов пријателство, љубов и внимание“
„ПО ТОА сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35). Верно на зборовите на Исус, љубовта станала обележје на раното христијанско братство. Тертулијан, кој пишувал повеќе од сто години по смртта на Христос, цитирал што рекле набљудувачите: ‚Видете колку се сакаат еден со друг и колку се дури спремни да умрат еден за друг‘.
Може ли сѐ уште да се најде таква љубов во светот? Да. Разгледај, на пример, едно писмо што го добила канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Бразил. Авторот на писмото, една жена по име Марилија, напишала:
„Додека живеевме во Вила Мерседес (Аргентина), мајка ми, која е Јеховин сведок, се разболе од остеоартритис поради што остана парализирана од половината надолу. Во првите осум месеци од нејзината болест, Сведоците од Вила Мерседес беа оние што со љубов и обѕир се грижеа за неа. Тие се грижеа за сѐ, ѝ ја чистеа куќата и ѝ подготвуваа храна. Дури и додека беше в болница, мајка ми секогаш имаше некој покрај неа, и дење и ноќе.
Потоа јас и мајка ми се вративме во Бразил, каде што сѐ уште се опоравува од болеста. Сведоците каде што сега живееме прават сѐ што можат за да ѝ помогнат на мајка ми да заздрави“.
Марилија го завршува своето писмо: „Признавам дека јас не сум Сведок, но најдов пријателство, љубов и внимание меѓу Сведоците“.
Да, сѐ уште има луѓе кои постапуваат со вистинска христијанска љубов. Кога го прават тоа, тие ја покажуват моќта што учењата на Исус можат да ја имаат во нашиот живот.