ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/12 стр. 32
  • Резервоари што не можат да држат вода

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Резервоари што не можат да држат вода
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/12 стр. 32

Резервоари што не можат да држат вода

ВО БИБЛИСКИ времиња, резервоарите биле вештачки подземни шуплини што главно се користеле за чување на вода. Во текот на некои периоди, тие биле единственото средство за да се одржува животоважната резерва од вода во Ветената земја.

Кога запишал една изјава од Бог, пророкот Еремија се осврнал на резервоарите во фигуративна смисла, велејќи: „Мојот народ направи две зла: Ме остави Мене, Изворот на живата вода, та си ископа кладенци [резервоари, King James Version] за себе, испукани кладенци [резервоари, King James Version] што не можат да држат вода“ (Еремија 2:13).

Со тоа што го напуштиле својот Бог, Јехова — „Изворот на живата вода“ — Израелците се свртеле кон несигурните воени сојузи со паганските нации и кон обожавањето на немоќни лажни божества. Таквите места на прибежиште на кои се надевале се покажале, како што рекол Еремија, само како резервоари што протечуваат, без никаква моќ да заштитат или да спасат (Второзаконие 28:20).

Можеме ли ние денес да извлечеме некаква поука од овој историски пример? Како и во времето на Еремија, вечниот Бог, Јехова, и понатаму е единствениот Извор на животодавна вода (Псалм 36:9; Откровение 4:11). Само од него, преку неговиот Син, Исус Христос, луѓето можат да добијат вечен живот (Јован 4:14; 17:3). Сепак, како и современиците на Еремија, голем број од луѓето денес избираат да ја отфрлат и да ја потценат Божјата реч од Библијата. Наместо тоа, ја полагаат својата доверба во користољубиви политички решенија, во празни човечки размислувања и во бескорисни идеологии и филозофии што го обесчестуваат Бог (1. Коринќаните 3:18—20; Колошаните 2:8). Изборот е очигледен. Каде ќе ја положиш својата доверба? Дали во „Изворот на живата вода“, Јехова, или во ‚испуканите резервоари што не можат да држат вода‘?

[Слика на страница 32]

Фигуричка од теракота што ја претставува божицата мајка најдена во еден израелски гроб

[Извор на слика]

Фотографија направена со љубезна дозвола на British Museum

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели