Може ли верата да ги излекува болните?
КОГА сме болни, бараме помош или лек. Веројатно знаеш од Библијата дека Исус Христос честопати лечел секакви болести, донесувајќи им олеснување на мнозина болни. Како се случиле тие лекувања? Со „Божја моќ“, вели Библијата (Лука 9:42, 43; Дела 19:11, 12). Според тоа, светиот дух од Бог бил тој кој го предизвикал лекувањето, а не само верата на лицето (Дела 28:7—9). Токму поради тоа Исус не барал болните луѓе да покажуваат вера во него со цел да бидат излекувани.
Можеби се прашуваш: ,Дали чудесните лекувања се само минато или, пак, повторно ќе има такви лекувања какви што вршел Исус? Каква надеж има за оние што страдаат од некоја тешка или неизлечива болест?‘
Библијата објаснува дека во Божјиот нов свет на праведност, Божјата моќ повторно ќе предизвика такви чудесни лекувања какви што правел Исус додека бил на земјата. На Јеховините сведоци во твојата средина ќе им биде мило да ти покажат како и кога Бог ќе го изврши она што ниеден исцелител никогаш не би можел да го направи — да ги отстрани сите болести, па дури и смртта. Да, Бог „ќе ја уништи смртта засекогаш“ (Исаија 25:8).