ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/5 стр. 32
  • Дали си зајакнат од Божјата реч?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си зајакнат од Божјата реч?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/5 стр. 32

Дали си зајакнат од Божјата реч?

КОГА се соочуваш со проблеми, како се справуваш со нив? Во случајот на Исус, тоа што си спомнувал за некој соодветен стих му помогнало да се соочи со предизвиците од Сатана (Матеј 4:1—11). Исто така, кога цар Давид се соочил со лични испити, бил зајакнат од Божјата реч. Тој рекол: „Кога ќе се соберат грижи во моето срце, Твоите утехи ми ја веселат душата“ (Псалм 94:19).

На сличен начин, тоа што ќе се сетиме на некој омилен стих може да нѐ утеши или да ни даде сила кога се соочуваме со предизвици. На пример, Рекс, кој сега има 89 години, е полновремен евангелизатор од 1931. Сепак, тој вели: „Честопати се чувствував недостаточен кога ќе ми беше дадена некоја посебна доделба во службата“. Како се справил со тоа? „Ќе се сетев на мојот омилен стих, Пословици 3:5, кој вели: ‚Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум‘. Тоа што се сеќавав и го применував овој стих ми помогна успешно да ги извршувам моите доделби“.

Дури и младите можат да извлечат корист од тоа што ќе имаат омилен стих. Шестгодишниот Џек вели дека негов омилен стих е Матеј 24:14. Овој стих го мотивира да оди да проповеда заедно со своите родители. Тој вели: „Сакам да одам и да сведочам секоја сабота со мама, тато и со сестра ми“.

Како Исус, дали и ти понекогаш се соочуваш со директни предизвици на твојата вера? Тогаш, Филипјаните 4:13 може да стане еден од твоите омилени стихови. Како цар Давид, дали те мачат „грижи“? Тогаш, тоа што ќе се сетиш на Филипјаните 4:6, 7 може да ти помогне да се справиш со нив. Дали понекогаш се плашиш дека твојата служба за Бог е залудна? Тогаш, тоа што ќе се сетиш на 1. Коринќаните 15:58 ќе ти даде сила.

Со тоа што учиме напамет соодветни стихови ѝ дозволуваме на Божјата реч да врши силно влијание во нашиот живот (Евреите 4:12). Таквите омилени стихови можат да ни дадат и сила и утеха (Римјаните 15:4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели