ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/5 стр. 32
  • Рецепт за долг и среќен живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рецепт за долг и среќен живот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/5 стр. 32

Рецепт за долг и среќен живот

„СЕКОЈ сака да дочека стари години; но никој не сака да биде стар.“ Така вели една изрека. Многу луѓе што се приближуваат до пензија се радуваат на тоа што ќе имаат повеќе време и помалку одговорности. Сепак, се плашат да не останат без цел во животот и да не станат бескорисни. Исто така, се плашат од изолација, од несреќа и од лошо здравје.

Тогаш, која е тајната за среќен живот? Добрите пријатели и семејството во кое има љубов им причинуваат среќа и на младите и на старите. Но, она што другите го прават за животот на едно постаро лице не е она што е најважно. Уште поважно е што може постарото лице да направи за другите.

Едно долгогодишно истражување на 423 постари брачни парови покажало дека „тоа што ќе правиме нешто за животот на другите луѓе може да го продолжи нашиот живот“. Стефани Браун, која го водела ова истражување, објаснува: „Овие наоди укажуваат дека нашите односи со другите не се толку корисни поради она што го добиваме; туку поради она што го даваме“. Таквото давање може да вклучува да им помагаме на другите околу домашните работи, да се грижиме за децата, да им завршиме некои обврски, да им понудиме превоз или да ислушаме некого кога сака да зборува.

Пред околу 2.000 години Исус Христос рекол: „Повеќе среќа има во давањето, отколку во примањето“ (Дела 20:35). Рецептот за долг и среќен живот не се состои од голема сметка во банка или од терапии против стареење и диети. Напротив, се состои од тоа да се остане активен и да се троши време и сила за да им се разубави животот на другите.

Меѓутоа, потребно е повеќе од тоа за да се заштитиме од старост, болест и смрт. Само Божјето Царство ќе ги укине овие работи. Под неговото владеење, ќе нема болест, па дури ни „смрт нема веќе да има“ (Откровение 21:3, 4; Исаија 33:24). Всушност, послушното човештво засекогаш ќе живее среќно на рајска земја (Лука 23:43). На Јеховините сведоци им е мило што можат и на другите да им го дадат овој библиски рецепт за долг и среќен живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели