ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/9 стр. 32
  • ‚Побарајте го достојниот‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Побарајте го достојниот‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/9 стр. 32

‚Побарајте го достојниот‘

ДАМАСК бил напреден град во првиот век од нашата ера. Опколен со овоштарници, тој бил како оаза за караваните што доаѓале од земјите од исток. Кратко по смртта на Исус Христос, во Дамаск имало христијанско собрание. Меѓу неговите членови имало Евреи кои можеби станале следбеници на Исус за време на празникот Пентекост во Ерусалим во 33 н.е. (Дела 2:5, 41). Некои ученици од Јудеа можеби се преселиле во Дамаск кога започнало прогонството по каменувањето на Стефан (Дела 8:1).

Веројатно во 34 н.е., еден христијанин од Дамаск по име Ананија добил една необична задача. Господ му рекол: „Стани, оди во улицата која се вика Права, и во куќата на Јуда побарај еден човек по име Савле, од Тарс. Зашто ете, тој се моли“ (Дела 9:11).

Улицата која се викала Права била долга околу 1,5 километри и минувала низ центарот на Дамаск. Од гравурата од 19 век што ја гледаме на оваа страница, можеме да добиеме претстава како изгледала улицата во древни времиња. Со оглед на тоа како била направена, можеби Ананија морал некое време да ја бара куќата на Јуда. Но, Ананија ја нашол и како резултат на неговата посета Савле станал апостол Павле, ревносен објавител на добрата вест (Дела 9:12—19).

Исус ги испратил своите ученици и им рекол да ‚ги побараат оние кои се достојни‘ за добрата вест (Матеј 10:11). Изгледа дека Ананија буквално го барал Савле. Како Ананија, Јеховините сведоци со радост ги бараат достојните и среќни се кога луѓето ја прифаќаат добрата вест за Царството. Кога ќе ги најдеме таквите лица, ќе се исплати сиот наш труд (1. Коринќаните 15:58).

[Слика на страница 32]

Денешната ,улица која се вика Права‘

[Извор на слика на страница 32]

Од книгата La Tierra Santa, том 2, 1830

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели