ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/2 стр. 32
  • „Бдејте“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бдејте“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/2 стр. 32

„Бдејте“

ВО ДРЕВНИ времиња, вратарите служеле пред влезот на некој град или храм, а во некои случаи и пред вратите на приватни домови. Освен што се грижеле вратата да биде затворена навечер, вратарите служеле и како стражари. Тоа била многу одговорна задача, зашто од тоа дали тие ќе почнат да викаат за да ги предупредат луѓето на некоја опасност што се приближува зависела безбедноста на градот.

Исус Христос ја знаел улогата на вратарите. Во една прилика ги споредил своите ученици со вратари и, зборувајќи за завршетокот на еврејскиот систем на работи, ги поттикнал да бдеат. Тој рекол: „Постојано гледајте, бидете будни, зашто не знаете кога е одреденото време. Тоа е како човек кој отпатувал во туѓина и ја оставил својата куќа . . . и му заповедал на вратарот да бдее. Затоа бдејте, зашто не знаете кога доаѓа господарот на куќата, дали доцна во денот или на полноќ или кога петлите ќе пропеат или рано наутро“ (Марко 13:33⁠-35).

Слично на тоа, веќе преку 125 години, ова списание, Стражарска кула, го соопштува поттикот на Исус ‚да бдееме‘. Како? Како што е кажано на 2. страница, ова списание „ги набљудува светските настани додека тие ги исполнуваат библиските пророштва. Ги теши народите со добрата вест дека Божјето Царство наскоро ќе ги уништи оние кои ги угнетуваат своите ближни и дека Земјата ќе ја претвори во рај“. Со тираж од преку 26.000.000 примероци на 150 јазици, Стражарска кула е најдистрибуираното религиозно списание во светот. Со помош на Стражарска кула Јеховините сведоци, како и древните вратари, ги поттикнуваат луѓето насекаде да ‚бидат будни‘ во духовен поглед зашто Господарот, Исус Христос, наскоро ќе дојде и ќе изврши суд врз овој систем на работи (Марко 13:26, 7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели