Ценење на интересот за Библијата
МАРИЈАНА, Јеховин сведок од јужна Италија, има 18 години и е матурантка. Во нејзиното училиште учат и други млади Сведоци.
„Веќе неколку години“, пишува Маријана, „за време на одморот, неколкумина од нас си го читаме библискиот стих за тој ден од Секојдневно испитување на Писмото. Единственото место каде што можевме да го правиме тоа беше во еден од ходниците, блиску до канцеларијата на професорите. Не беше многу тивко. Повеќето професори нѐ гледаа додека поминуваа и некои од нив застануваа да видат што правиме. Ова честопати ни даваше прилика да одговориме на нивните прашања. Секој ден ќе застанеше барам по еден професор. Неколкумина имаат останато да ја слушаат нашата дискусија за библискиот стих и изразија ценење за тоа што ние, Сведоците, се интересираме за духовни работи. Еднаш, заменик-директорот нѐ покани да ја одржиме нашата дискусија во канцеларијата на професорите.
„Откако виде каде разговараме за стихот, еден професор го праша директорот дали може да го правиме тоа во една од училниците, каде што би било потивко. Директорот ни дозволи, и професорот нѐ пофали пред целиот клас за добриот пример што го даваме. Сите сме многу среќни за таа голема привилегија. Јехова нѐ награди.“