ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/9 стр. 27
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сличен материјал
  • Ти можеш вечно да живееш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Избрани стихови од Посланијата до Солуњаните и до Тимотеј
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Теолошка дилема
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Воскресението — сигурна надеж!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/9 стр. 27

Прашања од читателите

На темел на што може да се каже дека изразите како „единствениот кој има бесмртност“ и оној „кого никој од луѓето не го видел ниту, пак, може да го види“, се однесуваат на Исус а не на Јехова Бог?

Апостол Павле напишал: „Среќниот и единствен Моќник ќе го покаже ова појавување во свои одредени времиња, тој, Царот на оние кои владеат како цареви и Господар на оние кои владеат како господари, единствениот кој има бесмртност, кој престојува во непристапна светлина, кого никој од луѓето не го видел ниту, пак, може да го види“ (1. Тимотеј 6:15, 16).

Општо земено, стручњаците за Библијата размислуваат на следниов начин: ‚Како е можно изразите како што се „единствениот кој има бесмртност“, „единствен Моќник“ и оној „кого никој од луѓето не го видел ниту, пак, може да го види“, да укажуваат на кој било друг освен на Семоќниот?‘ Се разбира, такви изрази може да се користат за да се опише Јехова. Меѓутоа, контекстот укажува дека, во 1. Тимотеј 6:15, 16, Павле зборувал конкретно за Исус.

На крајот на стих 14 Павле го спомнува „појавувањето на нашиот Господ Исус Христос“ (1. Тимотеј 6:14). Затоа, кога во стих 15 Павле пишува дека „Среќниот и единствен Моќник ќе го покаже ова појавување во свои одредени времиња“, тој зборува за појавувањето на Исус, а не на Јехова Бог. Тогаш, кој е ‚единствениот Моќник‘? Се чини разумно да се заклучи дека Исус е Моќниот за кој зборувал Павле. Зошто? Од контекстот е очигледно дека Павле го споредува Исус со човечките владетели. Како што напишал Павле, Исус навистина е „Царот на оние [луѓе] кои владеат како цареви и Господар на оние [луѓе] кои владеат како господари“.a Да, во споредба со нив, Исус е ‚единствениот Моќник‘. На Исус му е дадена „власта, честа на царството, за да Му служат народи, племиња и јазици“ (Даниел 7:14). Ниеден човечки моќник не може да го тврди тоа за себе!

А што е со изразот „единствениот кој има бесмртност“? Повторно, направена е споредба помеѓу Исус и човечките цареви. Ниеден човечки владетел не може да тврди дека му е дадена бесмртност, но Исус може. Павле напишал: „Зашто знаеме дека Христос, сега откако е подигнат од мртвите, повеќе не умира; смртта повеќе не е господар над него“ (Римјаните 6:9). Значи, Исус е првиот за кого во Библијата се пишува дека го добил дарот на бесмртност. Навистина, во времето кога Павле пишувал, Исус бил единствениот на кој му бил даден неуништлив живот.

Исто така треба да се има на ум дека би било погрешно Павле да каже дека само Јехова Бог има бесмртност, затоа што и Исус бил бесмртен кога Павле го пишувал тоа. Меѓутоа, Павле можел да каже дека само Исус е бесмртен во споредба со човечките владетели.

Освен тоа, несомнено е вистина дека откако Исус воскреснал и се вознел на небото, може да се опише како оној „кого никој од луѓето не го видел ниту, пак, може да го види“. Точно, неговите помазани ученици ќе го видат Исус откако ќе умрат и ќе воскреснат на небото како духовни суштества (Јован 17:24). Но, ниеден човек на Земјата не може да го види Исус во неговата славна положба. Затоа, навистина може да се каже дека, всушност, „никој од луѓето“ не го видел Исус по неговото воскресение и вознесение.

Навистина, на прв поглед може да изгледа дека описот во 1. Тимотеј 6:15, 16 би можел да се примени на Бог. Но контекстот од зборовите на Павле — заедно со поткрепата од други стихови — покажуваат дека Павле зборувал за Исус.

[Фуснота]

a Слични изрази се применуваат на Исус во 1. Коринќаните 8:5, 6; Откровение 17:12, 14; 19:16.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели