ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/1 стр. 30
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Како да задржиме позитивно гледиште за себеси
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Дали Земјата ќе биде уништена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Јехова нѐ учи да ги броиме нашите денови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Можеме да живееме вечно
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/1 стр. 30

Прашања од читателите

Во Псалм 102:26 пишува дека земјата и небото „ќе исчезнат“. Дали тоа значи дека планетата Земја ќе биде уништена?

Во молитва до Јехова, псалмистот рекол: „Во почетокот ја основа земјата и небото е дело на Твоите раце. Тие ќе исчезнат, а ти ќе останеш, сѐ ќе остарее како облеката. Ги менуваш како облеките, и ги снемува“ (Псалм 102:25, 26). Контекстот покажува дека во овие стихови не се зборува за уништувањето на Земјата, туку за вечноста на Бог. Контекстот исто така покажува зошто таа важна вистина е утешна за Божјите слуги.

Псалмистот, кој можеби бил во прогонство во Вавилон, почнува да ги опишува своите страдања. Тој се жали дека неговиот живот исчезнува „како дим“. Неговото тело е во грозничави маки, се чувствува како коските да му „горат како оган“. Истоштен е, ‚исушен е како косена трева‘ и се чувствува „како осамено врапче на покривот“. Искушенијата му го одзеле апетитот и деновите му се исполнети со тага (Псалм 102:3-11). Сепак, псалмистот не ја губи сета надеж. Зошто? Поради она што Јехова го ветил за Сион, или Ерусалим.

Иако Сион бил уништен, Јехова ветил дека ќе го обнови (Исаија 66:8). Затоа, псалмистот со доверба му се обраќа на Јехова: „Смилувај му се [Ќе се смилуваш, ПСП] на Сион: Време е да му се смилуваш, сега е часот! Господ ќе го изгради Сион“ (Псалм 102:13, 16). Потоа тој повторно зборува за своето страдање. Всушност, си размислува дека, ако запуштениот Ерусалим може да биде обновен со Божјата моќ, тогаш Јехова сигурно може да го спаси и него од бедната состојба (Псалм 102:17, 20, 23). И нешто друго го поттикнува псалмистот да има потполна доверба во Јехова. Што е тоа? Фактот дека Јехова е вечен.

Јеховиното вечно постоење е во остра спротивност со краткотрајноста на животот на псалмистот. „Твоите години остануваат низ сите поколенија“, му вели тој на Јехова (Псалм 102:24). Потоа псалмистот кажува: „Во почетокот ја основа земјата и небото е дело на Твоите раце“ (Псалм 102:25).

Сепак, дури и тоа што земјата и небото постојат многу години, не може да се спореди со вечното постоење на Јехова. Псалмистот додава: „Тие [земјата и небото] ќе исчезнат, а Ти ќе останеш“ (Псалм 102:26). Физичките земја и небо можат да исчезнат. Вистина, на други места Јехова изјавува дека тие ќе останат засекогаш (Псалм 119:90; Проповедник 1:4). Но тие би можеле да бидат уништени, ако е тоа Божја намера. За разлика од тоа, Бог не може да умре. Физичките творби се ‚поставени засекогаш‘ и остануваат само затоа што Бог ги одржува (Псалм 148:6). Ако Јехова некогаш престане да ги обновува физичките творби, тогаш ‚ќе остареат како облеката‘ (Псалм 102:26). Како што човекот ја надживува облеката, така и Јехова може да ги надживее своите творби — ако тој така одлучи. Меѓутоа, од други стихови знаеме дека нема намера да направи такво нешто. Божјата реч нѐ уверува дека Јехова одлучил физичките земја и небо да останат засекогаш (Псалм 104:5).

Многу е утешно да се знае дека Јехова секогаш ќе ги исполни своите ветувања. Без оглед какви искушенија ќе нѐ снајдат, кога ќе го повикаме да ни помогне, можеме да бидеме сигурни дека тој ‚ќе погледне кон молитвите на лишените [беспомошните, ПСП], и нема да ја презре нивната молитва‘ (Псалм 102:17). Да, Јеховиното ветување дека ќе ни помага, кое се наоѓа во Псалм 102, е поцврсто и од Земјата врз која стоиме.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели