ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/2 стр. 32
  • Дали си како дрвото лагани ауна?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си како дрвото лагани ауна?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/2 стр. 32

Дали си како дрвото лагани ауна?

ВО ЕДНО село во околината на Порт Морсби (Папуа Нова Гвинеја), двајца проповедници се враќале дома од проповедање. Додека оделе, виделе едно убаво дрво. „Ах, лагани ауна!“ рекол постариот. Свртувајќи се кон помладиот, тој продолжил: „Името значи ‚годишно дрво‘. За разлика од многу други тропски дрвја, на ова дрво секоја година му паѓаат лисјата и тогаш изгледа безживотно. Меѓутоа, кога ќе падне дожд, тоа оживува, расцветува и повторно ја покажува својата убавина“.

Од ова дрво, лагани ауна (лат. Delonix Regia), може да се научи нешто. Според некои стручњаци, тоа дрво се вбројува меѓу петте најубави цветни дрвја на светот. Иако цвеќињата и лисјата му паѓаат во текот на сушниот период, дрвото складира резерви на вода. Неговите корења се силни и можат да растат околу карпи кои се многу длабоко под земја. На овој начин тоа останува стабилно при силни ветрови. Накратко, ова дрво цвета приспособувајќи се и на најтешките услови.

Можеби ќе се најдеме во околности кои ќе испитаат колку е силна нашата вера. Што ќе ни помогне да истраеме? Како дрвото лагани ауна, и ние можеме да црпиме и да складираме од животодавната вода од Божјата реч. Освен тоа, треба цврсто да се држиме за нашата „карпа“, Јехова, како и за неговата организација (2. Самоил 22:3). Навистина, лагани ауна е прекрасен потсетник дека, дури и во сурова околина, можеме да ги зачуваме духовната сила и убавина ако ја користиме помошта што ни ја дава Јехова. На тој начин ќе ‚ги наследиме ветувањата‘ што ни ги дал, вклучувајќи го и ветувањето за вечен живот (Евреите 6:12; Откровение 21:4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели