ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/2 стр. 32
  • „Што значи пурпурниот триаголник?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Што значи пурпурниот триаголник?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/2 стр. 32

„Што значи пурпурниот триаголник?“

„ПРЕД неколку дена, една припадничка на Јеховините сведоци ми даде примерок од Стражарска кула“, напишал еден службеник кој работи во министерството за правда во Сеул (Република Кореја). Тој продолжил: „Читајќи, дознав некои информации за прогонството на Јеховините сведоци под режимот на нацистите и комунистите. Но, имам едно прашање. На сликата на насловната страница се прикажани Јеховини сведоци со превртен пурпурен триаголник на левата страна од нивните палта. Што значи овој пурпурен триаголник?“

Под нацистичкиот режим во Германија, Јеховините сведоци одбиле да го користат поздравот „Хајл Хитлер“ и останале неутрални во политичките и воените работи. Затоа нацистите сурово ги прогонувале, со тоа што ставиле во затвор и концентрациони логори околу 12.000 Сведоци и ги осудиле на различни затворски казни. Околу 2.000 од нив умреле, од кои стотици биле погубени.

Што означувал пурпурниот триаголник на нивната затворска униформа? „Различните групи затвореници во [нацистичките] логори носеле посебни ознаки“, објаснува книгата Анатомија на СС државата (Anatomy of the SS State). „Според стандардниот систем на обележување воведен пред војната, на униформата на секој затвореник се пришивало едно парче материјал во форма на триаголник, со боја според категоријата на којашто ѝ припаѓал: за политичките затвореници, црвена; за Јеховините сведоци, пурпурна; за асоцијалните, црна; за криминалците, зелена; за хомосексуалците, розова; за емигрантите, сина. Освен обоените триаголници, еврејските затвореници морале да носат и жолт триаголник, што бил сошиен врз обоениот триаголник така, што формирал шестаголна Давидова ѕвезда“.

Во својата книга Политиката на холокаустот (Holocaust Politics), професорот Џон К. Рот напишал: „Ако не го заборавиме моралното значење на пурпурниот триаголник, тој и во иднина може да ни биде штит против несреќи, штит чии краци ни го насочуваат вниманието и одговорноста кон доблеста која заслужува најголема почит од луѓето“. Јеховините сведоци го снимија наградениот документарен филм Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад. Слободно побарај од некој Јеховин сведок да ти овозможи да го гледаш овој документарен филм.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели