Дали сакаш да имаш добри пријатели?
ПОВЕЌЕТО луѓе сакаат да имаат добри пријатели. Животот е поубав кога имаш со кого да ги споделиш своите искуства. Но, како можеш да најдеш вистински пријатели? Пред околу 2.000 години, Исус покажал дека клучот за успех во сите меѓучовечки односи е несебичната љубов. Тој поучувал: „Како што сакате луѓето да ви прават вам, исто така правете им и вие“ (Лука 6:31). Оваа изјава, честопати наречена и Златно правило, покажува дека треба да бидеш несебичен, дарежлив, за да имаш пријатели. Едноставно кажано, за да имаш пријатели треба и самиот да бидеш пријател. Како?
Едно блиско, срдечно пријателство не се гради преку ноќ. На крајот на краиштата, пријателите се многу повеќе од обични познаници. Тоа се лица кон кои емотивно се приврзуваш. За да се развие и одржи цврсто пријателство, потребен е труд. Во пријателството честопати треба да ги ставиш потребите на пријателот пред своите. Пријателите не ја делат само радоста туку и тагата.
Ќе бидеш вистински пријател особено кога му даваш емоционална и практична поддршка на некој што има потреба. Пословици 17:17 вели: „Пријателот љуби во секое време, а во неволја станува и брат“. Всушност, пријателските врски можат да бидат посилни дури и од некои семејни врски. Пословици 18:24 забележува: „Има пријатели кои водат во пропаст, а има и пријател поприврзан од брат“. Би сакал ли да дознаеш нешто повеќе за тоа како да стекнеш такви добри пријатели? Би сакал ли да станеш дел од една група на луѓе кои се познати по тоа што меѓу нив владее љубов? (Јован 13:35). На Јеховините сведоци во твојата околина ќе им биде мило да ти покажат како можеш да најдеш вистински пријатели.