ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/5 стр. 32
  • Вредноста на еден ‚послаб сад‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вредноста на еден ‚послаб сад‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/5 стр. 32

Вредноста на еден ‚послаб сад‘

„ВИЕ сопрузи, живејте и понатаму на ист начин со нив според спознанието, искажувајќи им чест како на послаб, женски сад“, напишал апостол Павле (1. Петрово 3:7). Дали Библијата ги омаловажува жените со тоа што ги нарекува „послаб сад“? Да видиме што, всушност, сакал да каже вдахновениот писател.

Грчката именка што е преведена со „чест“ значи „цена, вредност... почит“. Тоа значи дека еден христијанин треба да постапува нежно со својата сопруга и да се грижи за неа како за еден чувствителен, скапоцен сад. Ова воопшто не е омаловажувачки. Да ја земеме за пример ламбата во облик на лотосов цвет од Тифани. За оваа многу убава ламба навистина можеме да кажеме дека е нежна. Но, дали поради тоа што е толку осетлива е помалку вредна? Далеку од тоа! Во 1997 година оригиналната ламба на Тифани била продадена на аукција за 2,8 милиони долари! Нејзината нежна градба ѝ ја зголемила, а не ѝ ја намалила вредноста.

Слично на тоа, кога на жената ѝ се искажува чест како на послаб сад, тоа не ја обезвреднува или омаловажува. Сопругот постапува со својата сопруга „според спознанието“ кога ги зема предвид нејзините јаки и слаби страни, нејзините гледишта и чувства, и кога размислува за тоа што сака а што не сака таа. Еден грижлив сопруг ги признава и покажува разбирање за разликите во личноста меѓу него и неговата сопруга. Тој покажува должна почит кон неа „за [неговите] молитви да не бидат спречени“ (1. Петрово 3:7). Еден сопруг што не ги почитува женствените доблести на својата сопруга, го доведува во опасност своето пријателство со Бог. Очигледно, Божјата реч не ги омаловажува жените. Напротив, таа ги почитува и им оддава чест.

[Извор на слика на страница 32]

© Christie’s Images Limited 1997

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели